АД ЕСМ на 14.02.2023 година произведе 20.088 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти. Во Термоелектраните произведени се 15.866 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 4.222 MWh. Податоците се преземени од […]
Според најновите податоци, во разорниот земјотрес во Турција животот го загубија 35.418 лица, а во Сирија најмалку 5.800 луѓе. Речиси 100.000 се повредени. Земјотресот погоди 13 милиони луѓе, вклучувајќи околу седум милиони деца. Повеќе од 200.000 луѓе учествуваат во потрагата и спасувањето. Близу 20.000 повредени се на болничко лекување. Во десет турски провинции, заедно со […]
Смртните случаи поврзани со Ковид-19 надминаа 80.000 во Кина од почетокот на декември, објави денеска „Џијангкан шибао“, пренесува ТАСС. Според кинеското издание, бројот на починати од 8 декември до 9 февруари изнесува 83.150. Од почетокот на годината стапката на смртност почна да се намалува. Најмногу заразени починале на 4 јануари – 4.273, додека на 6 […]
Силен земјотрес денеска го потресе Нов Зеланд, но нема информации за материјални штети или жртви, јави ДПА. Земјотресот бил со јачина од 6,1 степен и бил во близина на главниот град Велингтон, соопшти државната сеизмолошка агенција на Нов Зеланд, Геонет. Земјотресот се случил во 19:30 часот по локално време на длабочина од 50 километри, што […]
Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово во централна Турција, на длабочина од 10 километри, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Според веб-страницата на ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот бил на 56 километри од Кахараманмараш, еден од најтешко погодените градови на југот на Турција во разорните земјотреси од 6 февруари. Турција и […]
Шведската мисија која моментално претседава со ЕУ најави дека ќе се формира Европска работна група која ќе користи замрзнати руски средства за обнова на Украина. „Групата ќе спроведе правна, финансиска, политичка, економска анализа за можностите за користење замрзнати руски средства“, соопшти шведската мисија, пренесе Си-Ен-Ен. Во соопштението се додава дека дел од работата на групата […]
Во Романија веќе трет ден се регистрираат земјотреси, од кои два посилни, во понеделник попладне со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала и во вторник со јачина од 5,7 степени. Само од вчера попладне, од најсилниот што се почувствува дури и во Македонија, до утринава, во Романија се регистрирани вкупно 50 земјотреси, од кои […]
Во Србија денеска се одбележува Денот на државноста во знак на сеќавање на 15 февруари 1804 година, кога во Орашац започна Првото српско востание за ослободување од Турците, а на истиот ден во 1835 година е прогласен првиот Устав кој го означи и почетокот на современата државност. Српскиот Парламент на 10 јули 2001 година одлучи […]
Четири лица загинаа на Нов Зеланд откако циклонот Габриел ја погоди земјата на почетокот на оваа недела, јави ДПА, повикувајќи се на полицијата. Тело е пронајдено на местото каде исчезна пожарникар при уривање на куќа во регионот Окленд – најнаселен град во земјата. Три лица загинаа во друга област на Северниот остров – Хоков Залив. […]
Два американски борбени авиони пресретнале четири руски воени авиони во близина на Алјаска, соопшти Командата за воздушна одбрана на Северна Америка (НОРАД). Во коминикето се наведува дека „рутинското пресретнување“ се случило во понеделникот. Руските авиони биле тешки бомбардери Ту-95 и ловци Су-35. Тие „останаа во меѓународниот воздушен простор и не влегоа во американскиот или канадскиот […]