ЕУ одлучи да ја олесни хуманитарната помош за Сирија чиј режим е под санкции

Со оглед на сериозноста на хуманитарната криза во Сирија, која беше влошена од земјотресот, Советот на ЕУ денеска одлучи да усвои хуманитарен амандман за дополнително олеснување на брзата испорака на хуманитарна помош.

Измената се применува за период од шест месеци, соопшти денеска Советот на ЕУ.

Согласно амандманот, хуманитарните организации нема да мора да бараат претходна дозвола од националните надлежни органи на земјите-членки на ЕУ за хуманитарни цели.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *