Ирански министер повреден во хеликоптерска несреќа, загина негов соработник

Хеликоптер во кој се наоѓаше иранскиот министер за спорт се урна денеска во градот Бафт во јужната провинција Керман, а во несреќата загинал еден од неговите советници, јави агенцијата ИРНА.

Повредени се 16 лица, меѓу кои и министерот Хамид Саџади и четворица членови на екипажот.

Несреќата се случила кога хеликоптерот слетал на стадионот во Бафт.

Во Иран, кој е под санкции, имаше неколку воздушни несреќи во последниве години, а официјалните лица се жалат на потешкотии во набавката на резервни делови за одржување и модернизација на застарените летала, пренесе Бета.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *