Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази страв дека војната во Украина ќе се прошири, во забелешките до Генералното собрание на ОН во Њујорк, во време кога војната се доближува до својата прва годишнина. – Руската инвазија врз Украина нанесува невидени страдања на украинскиот народ, со длабоки глобални импликации, рече Гутереш. – Изгледите за мир […]
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, а бројот на жртви се уште расте. Според последните податоци, досега загинале повеќе од 2.300 луѓе. Епицентарот на земјотресот бил прилично плиток, на околу 18 километри, предизвикувајќи сериозни оштетувања на објектите на површината. […]
Македонија и Македонците се на нога по вестите за катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Од сите страни се упатуваат молитви за настраданите и побрзо заздравување на повредените. Осум пожарникари од Општина Струмица, припадници на тимот за пребарување и спасување од урнатини (USAR тим), ќе заминат во спасувачка мисија во Турција, со надеж и уверување […]
Фотографијата која го обиколи светот е бебе извлечено од урнатините од разорниот земјотрес што ги потресе Турција и Сирија утрово. Земјотресот беше со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, а еден час подоцна следеше нов потрес со јачина од 6,7 степени. Акцијата за спасување трае со часови, а спасувачите со сите сили се обидуваат […]
Американскиот претседател Џо Бајден изјави денеска дека неговата администрација тесно соработува со официјална Анкара, за да може Вашингтон најитно и најефикасно да одговори на последиците од разорниот земјотрес што утринава ги погоди Турција и Сирија. Бајден изјави дека американските тимови брзо се распоредуваат за да започнат со поддршка на турските напори за пребарување и спасување. […]
Косовскиот премиер Албин Курти, по средбата со специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, соопшти дека Косово го прифаќа предлогот на ЕУ за нормализација на односите. Курти во објава на Твитер изјави дека имал добра дискусија со Лајчак. „Добра размена на мислења со специјалниот пратеник на ЕУ Мирослав Лајчак на […]
Турција беше погодена од два нови силни земјотреси. Едниот бил со магнитуда од 5 степени според Рихтеровата скала, додека другиот бил со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала. За потсетување, најмалку 1.498 луѓе загинаа, а 8.533 луѓе се повредени во Турција по разорниот земјотрес што ги погоди Турција и Сирија, изјави Јунус Сезер (Јунус), […]
Турција денеска беше погодена од неколку силни земјотреси. Потресите предизвика големи разурнувања и во соседна Сирија, каде што најмногу настрада градот Ал Баб. Тресењето на земјата е почувствувано и во други делови на Турција, Грузија, Ерменија, Кипар. A Powerful 7.8 magnitude #earthquake hits Turkey. The moment when rescue 🛟
Историската Јени џамија (Нова џамија), која се наоѓа во центарот на градот Малатија во југоисточна Турција, беше уништена во земјотресот во понеделникот што ја потресе нацијата. Џамијата, која беше обновена и отворена за богослужба минатата година, беше погодена од земјотресот со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала. Изградена на местото на џамијата Хаџи Јусуф, […]
„BBC“ ја потврди автентичноста на едно видео снимено кај градот Хатај. На него се гледаат гасоводи кои горат. На социјалните мрежи се појавиле снимки од гасоводи како горат на југот на Турција по разорните земјотреси, кои, според моменталните информации однеле повеќе од 1.800 животи во оваа земја и во Сирија. Турскиот министер за енергетика Фатих […]