Маж вооружен со автоматска пушка „калашников“ денеска ја нападна амбасадата на Азербејџан во главниот град на Иран, Техеран, при што го уби шефот на обезбедувањето и рани двајца чувари, соопштија официјални лица. Се уште никој не кажа кој би можел да биде мотивот за нападот во Техеран. Иранските медиуми не објавија веднаш за нападот. Во […]
Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Стефано Санино денеска ја бранеше одлуката на Германија и САД да испратат тенкови во Украина, потенцирајќи дека рускиот претседател Владимир Путин „води војна против НАТО и Западот“. Санино, на денешната прес-конференција во Токио во рамките на неговата азиско-пацифичка турнеја, наведе дека Путин „од концептот на специјална […]
Жител на Белград Р.А (25) е уапсен вчера во филмската бркотница по него, бидејќи со уште три лица пробале да извршат грабеж во една работилница во Нов Белград, дознава српски „Блиц“. Како што дознава „Блиц.рс“ на неговото апсење претходело и обид за грабеж. -Грабежот e спречен од надзорникот, а криминалците му се спротиставиле. Избегале од […]
Од средата до шест часот утрово, противпожарната служба на Грција примила 422 повици за помош поради невремето со дожд, снег и силен ветер што ја зафати земјата, објави грчката телевизија „Скај“. Повиците во главно се однесувале на затнати одводи, спасување од лифтови, сечење дрвја и префрлање на луѓе на безбедни места. Половина од повиците, односно […]
Два вагона-цистерни со фосфорна киселина денеска се излизгаа во Зајечар, но нема истекување ниту опасност по луѓето и околината, соопштија од компанијата „Србија Карго“. Лизгањето на осмата и деветтата цистерна се случи во 08:40 часот на четвртата пруга, во станицата Зајечар. „Немаше истекување, нема испарувања и нема опасност по животите на луѓето или животната средина“, […]
Поранешниот командант на чешката армија Петр Павел, прозападен кандидат кој ја поддржува помошта за Украина, има голема предност пред поранешниот премиер Андреј Бабиш додека Чесите влегуваат во вториот круг од гласањето за нов претседател. Пензионираниот генерал Павел (61) се кандидираше како независен кандидат и има поддршка од централно-десничарската чешка влада. Чешките претседатели немаат многу секојдневни […]
Вашингтон е загрижен дека може да се влоши безбедносната ситуација меѓу Израелците и Палестинците пред посетата на американскиот државен секретар на Блиски Исток поради смртоносната операција на израелските сили на окупираниот Западен Брег. Блинкен на 29 јануари ќе ги посети Египет, Израел и Западен Брег. Неговата посета, според Стејт департментот, била планирана претходно, а беше […]
Поројниот дожд на Нов Зеланд предизвикаа поплави во најголемиот град, Окленд. Цивилната одбрана на Нов Зеланд ги предупреди околу 1,6 милиони жители на Окленд да се засолнат од надојдената вода. Според Националниот институт за истражување на водата и атмосферата во Окленд наврнале 80 проценти повеќе од просечните летни врнежи. -Можно е во делови на Окленд […]
Јапонија денеска ја прошири листата на забранети производи за извоз во Русија и замрзна имот на руските официјални лица и субјекти. Одлуката е донесена по вчерашните руски напади ширум Украина, при што загинаа 11 луѓе. -Со оглед на ситуацијата околу Украина и со цел за придонесување во меѓународните напори за обезбедување мир, Јапонија ќе спроведе […]
Во близина на украинската нуклеарна централа Запорожјe, која е под руска окупација, вчера одекнаа силни експлозии, соопшти агенцијата за нуклеарна енергија на ОН, МААЕ. Претседателот на МААЕ, Рафаел Гроси, кој ја посети Украина минатата недела, изјави дека вчера Агенцијата регистрирала силни експлозии во близина на најголемата нуклеарна централа во светот и уште еднаш повика околу нуклеарката да се воспостави […]