Над 2300 загинати по земјотресите – најсилниот со јачина од 7.8 степени според рихтер

Спасувачките екипи и цивили бараат преживеани низ метежот од метал и огромни купишта бетон. Дождот и врнежите од снегот ги отежнуваат спасувачките работи, но добра вест е што од под урантините пронаоѓаат преживеани. Спасени се и неколку деца.

Бројката на загинати и повредени во двете земји се менува од минута во минута. Надмина 2300 жртви, а над 8000 се повредени. Според последните информации во Турција загинале најмалку 1500 луѓе, а над 5000 се повредени.

Освен провинцијата Дијарбакир, од турска страна погодени се и провинциите Газиантеп, Санлиурфа, Адана, Адијаман, Малатија, Османије, Хатај и Килис. Таму е прогласена вонредна состојба, а граѓаните се замолени да не користат мобилни телефони за заробените под урантините да имаат предност во упатување повици за помош преку мобилната телефонија. Во овој дел од Турција сместени се и милиони бегалци од Сирија, кои ја напуштија својата земја заради крвавата граѓанска војна.

Во Сирија, погоденото подрачје е поделено помеѓу територијата под контрола на владата и последната енклава во земјата која е под контрола на опозицијата.
Во дел од настраданите региони сеуште нема спасувачки екипи.

Првиот и најсилниот потрес со јачина од 7,8 степени според рихтеровата скала се случи во раните утрински часови, околу 4 часот и 17 минути по локално време додека милиони Турци и Сиријци спиеја. Тоа е најсилниот земјотрес во Турција во последните 84 години, а епицентарот бил во близина на градот Газиантеп.

Потоа следеа уште 2 моќни удари од по 7,5 степени според Рихтер.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *