Бугарин кој учествувал на наддавање организирано од бугарската Национална управа за приходи, платил за скап автомобил, но, како што вели – го добил без мотор. Во документацијата пишувало дека автомобилот бил во многу добра техничка состојба, со 6-брзински менувач, јави Нова ТВ. Имено, Даниел Николов најпрвин мислел дека дошло до недоразбирање. Откако се испоставило дека […]
Мажот кој уби десет луѓе во саботата за време на прослава на кинеската Лунарна Нова година во сала за танцување во Монтереј парк, град во близина на Лос Анџелес, изврши самоубиство. Шерифот на округот Лос Анџелес Роберт Луна објави дека убиецот е идентификуван како 72-годишен Ху Кан Тран, но неговиот мотив за масакрот е непознат. […]
Бразилскиот и аргентинскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и Алберто Фернандез во заедничко соопштение објавија дека двете најголеми јужноамерикански земји работат на поцврста економска поврзаност, која би вклучила и воведување заедничка валута. Проектот првично би бил билатерален, но идејата е иницијативата на крајот да вклучи и други земји од Јужна Америка. „Нашата намера е […]
Голема хаварија во електричната мрежа предизвика прекин на струјата ширум Пакистан, соопшти Министерство за енергетика. -Според првичните информации, во седум часот и 34 минути по локално време, националната мрежа претрпе загуба на фреквенција што предизвика голем дефект. Во тек се итни активности за активирање на системот, се посочува во соопштението на пакистанското Министерство за енергетика. […]
Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, ги повика лидерите на земјите-членки да продолжат со разговорите за користење на замрзнатите средства на Руската централна банка, во износ од 300 милијарди евра, за обнова на Украина. Во интервју за „Фајненшл тајмс“, Мишел рече дека сака да истражи како замрзнатите средства на Руската централна банка би можеле да […]
Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС. Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, пренесе […]
Најмалку 21 лице почина од „мистериозна“ болест во североисточен Авганистан, соопштија денеска локалните власти. Болеста се проширила во областа Вакан во планинскиот регион Памир, каде медицинските експерти се обидуваат да ја утврдат причината, соопштија локалните власти во провинцијата Бадакшан. Како што јавува Анадолија, 21 лице починало во претходните две недели, додека Министерството за здравство објави […]
Шпанската полиција денеска соопшти дека разбила банда која управувала со три нелегални фабрики за цигари каде што работеле во импровизирани сместувачки единици Украинци кои по руската инвазија побегнале во Шпанија. Бандата беше обвинета за шверц на „големи количества“ тутун, со кој правеле цигари од фалсификувани марки и ги продавале низ Шпанија, како и во соседните […]
Жителите на Лабуништа ја одложија одлуката за бојкот на наставата поради актуелниот проблем со каменоломите, информираат од Месната заедница и Здружението „Натура лаб“. – По објавената одлука за бојкот на настава, пристигна реакција од страна на македонската Влада, која одржа состанок во четвртокот на 26-ти јануари 2023 година со претставници на Месната заедница и „Натура […]
Девет лица загинаа, а повеќе се ранети во пукање за време на прославата на Лунарната Нова Година во паркот Монтереј, во Лос Анџелес, Калифорнија, соопшти полицијата во тој град. Лос Анџелес Тајмс пишува дека пукањето се случило доцна синоќа во паркот Монтереј, на околу 11 километри од центарот на Лос Анџелес, каде што десетици илјади […]