Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени минатата година во Црна Гора биле во просек повисоки за 13 отсто, споредбено со 2021, покажуваат податоците на „Монстат“. Во декември лани во однос на ноември потрошувачките цени биле во просек повисоки за 0,1 отсто. Потрошувачките цени во декември минатата година, […]
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон изјави дека сака да напише книга за времето поминато во Даунинг стрит како премиер на Велика Британија. – Со нетрпение очекувам да работам со Борис Џонсон додека тој го опишува своето време како премиер за време на некои од најзначајните настани што Велика Британија ги видела во последно време, изјави […]
Русија денеска соопшти дека до 2026 година ќе бидат спроведени длабоки реформи во нејзините вооружени сили, вклучувајќи промени во бројот на војници и во администрацијата. Руското Министерство за одбрана соопшти дека се очекува бројот на припадници на вооружените сили да се зголеми на 1,5 милиони. -Само со зајакнување на клучните структурни компоненти на вооружените сили, […]
Европска комисија денеска ја уплати првата рата од три милијарди евра од пакетот макрофинансиска помош од 18 милијарди евра за Украина, изјави претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен. Таа истакна дека тоа е прва транша од предвидените 18 милијарди евра помош за Украина за 2023 година. Тоа ќе ја зајакне финансиската стабилност на Украина, […]
Повеќе од 7.000 цивили загинале во Украина од почетокот на војната минатиот февруари, соопшти Канцеларијата на Високиот комесаријат на ОН за човекови права. Во соопштението се посочува дека повеќето регистрирани цивилни жртви настрадале при употребата на експлозивно оружје способно да зафати широка област, вклучувајќи тешко артилериско гранатирање, повеќе ракетни системи и воздушни напади. Канцеларијата за […]
Косовските дипломати го зголемија бројот на средби со своите колеги од земјите за кои Србија тврди дека го повлекле признавањето на независноста на Косово, објави редакцијата на Радио Слободна Европа на албански јазик. На почетокот на јануари, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека девет земји го повлекле признавањето на Косово и дека се очекува и […]
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ситуацијата во регионот е многу сериозна и се усложнува и дека „изборните игри во регионот во следниот период ќе значат дополнителни напади против Србија. Вучиќ за ТВ Хепи истакна дека физичките напади врз Србите и српските деца се случуваат на Косово, но и во Босна и Херцеговина и други […]
Националната авиокомпанија на Црна Гора „Ер Монтенегро“ подготви специјални цени за патување годинава, јави црногорската агенција МИНА. „Промотивната продажба е од 16 до 30 јануари, а во овој период цената на билет во еден правец на линиите Тиват-Белград и Подгорица-Белград ќе биде 49 евра. Билетите од Подгорица и Тиват до Истанбул може да се купат […]
Филантропската организација на Бил и Мелинда Гејтс годинава ќе потроши 8,3 милијарди долари, што е најмногу досега, соопшти извршниот директор на Фондацијата Марк Сузман во денеска објавеното годишно писмо. Воедно, тој одговори на критиките дека Фондацијата е премногу моќна и влијателна во глобалното здравство, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, а притоа не презема соодветна […]
Бројот на загинатите во авионската несреќа во Непал се искачи на 70, додека спасувачите трагаат по уште две лица кои се водат за исчезнати. Спасувачите денеска користеа беспилотни летала за да се спуштат по клисурата длабока 200 метри во западен Непал во потрага по уште двајца патници, кои се уште се водат за исчезнати по […]