Цените на производите и услугите за лична потрошувачка, мерени преку индексот на потрошувачките цени минатата година во Црна Гора биле во просек повисоки за 13 отсто, споредбено со 2021, покажуваат податоците на „Монстат“.
Во декември лани во однос на ноември потрошувачките цени биле во просек повисоки за 0,1 отсто. Потрошувачките цени во декември минатата година, во однос на истиот месец во 2021 година, во просек биле повисоки за 17,2 отсто.
„Најголемо влијание врз месечната стапка на инфлација имаше зголемувањето на цените во групите реална кирија што ја плаќаат станарите за живеалиште, услуги за сместување, млеко, сирење и јајца, зеленчук, апарати, артикли и производи за лична хигиена, одржување и поправка на возила, цврсти горива и месо“, се вели во соопштението на националната статистичка агенција „Монстат“, јави црногорската телевизија.