Извршниот директор на фондацијата Гејтс најави најголем годишен буџет досега

Филантропската организација на Бил и Мелинда Гејтс годинава ќе потроши 8,3 милијарди долари, што е најмногу досега, соопшти извршниот директор на Фондацијата Марк Сузман во денеска објавеното годишно писмо.

Воедно, тој одговори на критиките дека Фондацијата е премногу моќна и влијателна во глобалното здравство, вклучувајќи ја и Светската здравствена организација, а притоа не презема соодветна одговорност.

– Не е во ред приватна филантропска организација да биде еден од најголемите финансиери на глобалните здравствени напори, рече Сузман, додавајќи дека државите треба да бидат лидери. Но, да нема забуна – онаму каде има решенија за спасување и подобрување на животите на луѓето, ние ќе бидеме таму. Нема да престанеме да го користиме нашето влијание и нашите пари за да најдеме решенија, потенцираше извршниот директор.

Сузман рече дека целта на Фондацијата не е да им каже на СЗО и на другите здравствени организации што да прават, туку да им понуди различни опции и податоци за да можат да донесат клучни одлуки.

Со инвестиции насочени кон искоренување на болести како маларија и полио, фондацијата е вториот најголем донатор на СЗО. Ова е едно од прашањата што критичарите редовно го истакнуваа, особено за време на пандемијата на Ковид-19.

„Би сакал многу повеќе влади да не надминат на таа листа, бидејќи тоа би значело повеќе спасени животи“, напиша Сузман.

СЗО минатата година договори земјите-членки да ги зголемат своите плаќања за да ја намалат улогата на приватните донатори и да и овозможат на организацијата да ги троши парите пофлексибилно.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *