Во понеделник, 9 јуни 2025 година, во ОУ „Мурат Лабуништи“ – Лабуништа се одржа традиционалниот Бајрамски Базар 2025.
Учениците, наставниците и родителите заедно подготвија слатки, солени јадења и рачни изработки, кои беа изложени и продавани. Настанот помина во празнична и топла атмосфера, обединувајќи ја заедницата во духот на хуманост, креативност и заедништво.






























