Недела, 15 ноември 2026 недела, 15 ноември Струга 10°C Струга 10°C Пријави вест
Свет

Белоруската армија формира нов полк за ПВО

Објавено: · 1 мин читање
Белоруската армија формира нов полк за ПВО

Во вооружените сили на Белорусија е формиран нов полк за противвоздушна одбрана, објави на Телеграм прес-службата на Министерството за одбрана во Минск.

Според соопштението, командата направила посебни напори за создавање современа воена инфраструктура и образовна материјална база за новата формација, како и за решавање на прашањата околу социјалната сигурност на војниците и нивните семејства.

Новиот полк е стациониран во градот Лунинец, регионот Брест. За денеска е предвидено единицата да ја посети белорускиот министер за одбрана, генерал-полковник Виктор Хренин.