На овој историски ден кога ја одбележуваме 74. годишнина на НАТО, исто така ја поздравуве Финска како 31. членка на НАТО, алијансата е посилна и побезбедна со Финска како сојузничка, изјави американскиот државен секретар Ентони Блинкен.

„Финска поседува високо способна армија и е активен учесник во операциите на НАТО. Исто така ги споделува нашите вредности и силни демократски институции. Уверени сме дека членството на Финска ќе ја засили нашата колективна одбрана и ќе ја подобри нашата способност да одговориме на предизвиците во евроатлантскиот регион“, истакна Блинкен

„Руската инвазија на Украина лани го забрза она што претседателот Путин сакаше да го избегне: посилна, пообединета трансатлантска алијанса. Шведска исто така е силен и способен партнер спремен да се приклучи на НАТО. Ги охрабруваме Турција и Унгарија да ги ратификуваат пристапните протолки за Шведска без одлагање“, повика тој.

Според него, НАТО помага во одржувањето на мирот и стабилноста во Европа повеќе од 70 години и игра критична улога во промоција на стабилноста и меѓународниот поредок низ светот заснован на правила.

„Членството на Финска во НАТО ќе ги унапреди овие заеднички цели“, истакна Блинкен.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *