Близу 80 потреси се регистирани на територија на Турција по разораниот земјотрес со јачина од 7,8 степени кој се случи утринава околу 4 часот по локално време.
Според податоците на Европско Медитеранскиот сеизмолошки центар, 13 од земјотресите биле со јачина над 5 степени. Еден од нив е со јачина од 6,7 степени според Рихтеровата скала.
Останатите регистрирани земјотреси биле со јачина од околу 4 степени или помали.
Спасувачките екипи и локалното население трагаат по преживеани од под урнатините. Земјотресот со епицентар во Газиантеп однесе најмалку 300 животи и близу 700 повредени лица.