Радио-телевизијата на Србија (РТС), Радио-телевизијата на Војводина (РТВ) и Агенцијата Танјуг добиле информации за наводно поставени експлозивни направи во работните простории. Контрасаботажните прегледи во РТС, РТВ и Танјуг се во тек. Дојавата за бомбата на адресата на РТС стигна и на 24 јуни. Со контрадиверзантско испитување било утврдено дека пријавата е лажна.Повеќе
Feature Post

За четири до осум отсто се зголемени цените на билетите за дел од траектите во Грција, главно на оние од атинското пристаниште Пиреас, што е дополнително покачување на и онака зголемените цени, според грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. АНА-МПА пишува дека од лани билетите за траектите се зголемени за околу […]Повеќе
Најголемата партија во бугарскиот парламент „Продолжуваме со промените“ почнува коалициски преговори за поддршка за нова влада, јави дописникот на МИА од Софија. Целта на „Продолжуваме со промените“ е да собере 121 бугарски парламентарец за поддршка на програмата за управување во следните шест месеци и водење на Бугарија низ економската и политичката криза. Денеска во Народното […]Повеќе
Локалните власти од Пефкохори, на четири јазици, грчки, англиски, српски и македонски, преку социјалните мрежи ги информираат туристите дека е забрането оставање лични предмети на плажата со цел да се зачува местото, а во спротивно предвидени се казни, јави дописничката на МИА од Атина. Локалниот совет на заедницата Пефкохори, преку објавениот пост на „Фејсбук“ потсетува […]Повеќе
Над 200 пожарникари од шест европски земји пристигнуваат во Грција за летово да им помагаат на нивните грчки колеги во гаснењето на пожарите во рамките на европската пилот програма, јави дописничката на МИА од Атина. Денеска пристигнува првиот тим, пожарникарите од Романија, кои ќе бидат пречекани од надлежниот министер за климатска криза и цивилна заштита […]Повеќе
На изборите што есенва треба да се одржат во БиХ, актуелниот член на претседателството на БиХ и поранешен претседател на РС, Милорад Додик повторно ќе биде кандидат за претседател на ентитетот Република Српска, а неговата најблиска соработничка, Жељка Цвијановиќ, која моментално ја извршува оваа функција, ќе се обиде да го наследи како член на Претседателството […]Повеќе
Генералниот секретар на Министерството за надворешни работи на Грција упатил демарш до рускиот амбасадор во Атина поради протерувањето на осуммината грчки дипломати во Русија, соопштија од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина. Било истакнато дека руската реакција е непропорционална во споредба со мерките што ги објави Грција против одредени руски дипломати, кои беа […]Повеќе
Во Албанија пристигна Бригадата за помош на безбедносните сили на САД, единица за воена обука која е во партнерство со главната албанска воена единица, пренесе агенцијата Балкан веб. Се додава дека на церемонијата организирана во оваа прилика, во присуство на министерот за одбрана Нико Пелеши, американската амбасадорка Јури Ким го нагласила „интерактивното значење со сојузниците […]Повеќе
Асен Василев, од бугарската владејачка партија „Промените продолжуваат“, кој попладнево беше номиниран за премиер, на заминување од претседателската институција по доставувањето на првиот истражувачки мандат за формирање влада, изјави дека прво мора да се најде политичка поддршка, а потоа ќе се разговара за нејзиниот состав, јавува дописникот на МИА од Софија. -Исклучително е важно работите […]Повеќе
Во Србија во 2021 година живееле 6.834.326 жители, а проценките се базираат на резултатите од статистиката за природно движење и внатрешна миграција на населението, соопшти Републичкиот завод за статистика. Како што јави дописникот на МИА од Белград, гледано по пол, 51,3 отсто од населението во Србија се жени (3.507.325), а 48,7 отсто се мажи (3.327.001). […]Повеќе