Стефан кој беше застрелан на Божиќ излезе од болница: Семејството и пријателите го пречекаа со солзи и прегратки

Момчето Стефан Стојановиќ (11) кое беше рането на Божик недалеку од Штрпце, денес е пуштено на домашно лекување од болницата во Грачаница. Со скандирања и прегратки го дочекаа пријателите од училиштето и од соседството.

Бабата на Стефан, Босиљка Стојановиќ им се заблагодари на сите за помошта и низ солзи рече дека е благодарна на Бога што нејзиниот внук е жив, пишува Косово онлајн.

-Благодарни сме на Бога што детето остана живо и на сите добри луѓе кои не посетија и ни помогнаа и поддржаа, изјавила Босиљка.

Теодора Љубисављевиќ, сестрата на Стефан, изјавила дека тој им ја вратил насмевката кога дошол дома.

„Моето семејство, јас, како и сите најблиски до мене бевме многу исплашени и во шок поради сè што се случи. Можеби не дадовме ниту соодветни изјави, бидејќи ниту една слика или збор не може да ги објасни нашите чувства, колку бевме тажни и потресени. Со денови имаме измешани чувства од среќа до тага, но ние сме благодарни што Стефан е жив и здрав и што се врати дома. Ни ја врати насмевката на лицата, иако сè уште сме во шок поради целата ситуација, бидејќи не го прославивме највеселиот празник како што треба“, изјави Теодора.

На Божик беше ранет во рака и Милош Стојановиќ, кој пред неколку дена беше пуштен на домашно лекување. Како што рече Милош, тој денес бил на лекарски преглед во Грачаница.

„Фала богу повредата е добра, раката е во ред. И Стефан денес е пуштен од болница. Се надевам дека што поскоро ќе закрепнеме и ќе се вратиме во нормалниот живот“, изјави Милош.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *