Десет лица се осомничени за напад на група родители од Белград. Тие се предадени на Обвинителството на Сараево.
Уапсени се: Балтиќ Елдар, Тахировиќ Алдин, Демир Харис, Хоџиќ Енсар, Белмин Омерагиќ, Армин Хаџиќ, Елдар Бешиќ, Бенјамин Хасановиќ, Подруг Мерсид и Кукиќ Седин, пренесува Аваз.
Претходно кривично се процесуирани во МУП на КС.
Тие се товарат за кривично дело „насилно однесување“.
Да потсетиме, во сараевската населба Илиџа, каде што се одржува регионалниот детски фудбалски турнир, имаше напад врз белграѓани во хотелот „Хилс“ каде што престојуваа. Група навивачи со фантомки упаднале во хотелот и веднаш нападнале маж кој го носел знамето на ФК Звездара, учесник на турнирот.
Го испрскале со солзавец, додека бил во друштво со сопругата, а кога родителите на другите деца скокнале на негова заштита, хулиганите ги „извлекле“ надвор, каде биле „засилени“ од друга поголема група навивачи вооружени со ножеви и факели. Настанала тепачка, а еден член на експедицијата од Белград се здобил со убодни рани.