Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека „Армијата на Србија мора да биде многу посилна“ отколку што е денес и најави набавка на оружје за околу 300 милиони евра за следните две години. – Мораме да инвестираме огромни суми пари во одбранбената индустрија и армијата. Имав разговор со премиерката Ана Брнабиќ и министерот за […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен попладнево ја започнува посетата на Грција со средба со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, а утре ќе се сретне со министерот за надворешни работи Никос Дендиас и со лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, објавија грчките медиуми. Блинкен и Дендиас, утре, во грчкото МНР ќе го започнат четвртиот круг од стратешкиот дијалог […]
Случај на Омикрон варијанта на Ковид-19 – XBB.1.5 е идентификуван во Бугарија, соопшти Националниот центар за заразни болести. „Кракен“ е откриен кај човек во Софија. СЗО ја следи таа варијанта поради нејзиниот потенцијал за забрзано ширење и намалена неутрализација со вакцина и природен имунитет од претходните варијанти на Ковид, соопшти Центарот. Пациентот е на домашно […]
Грција сака да ја продолжи веќе постоечката ограда долж границата со Турција за 35 километри, изјави грчкиот министер за цивилна заштита Такис Теодорикакос за телевизијата Скај. Според него, проектот ќе чини околу 100 милиони евра, а парите ќе бидат издвоени од грчкиот буџет. „Европската унија се уште не го одобрила барањето на Атина за финансирање […]
Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Ираклион (Хераклион) на островот Крит во Грција. Земјотресот се случил околу 19:32 часот по локално време. Земјотресот бил почувствуван во радиус од 90 километри, а во Грција го почувствувале околу 751.000 луѓе. Eyewitnesses reported shaking in #Greece 3 min ago (local time 19:32:56)⚠ More [&
Лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен албански претседател и експремиер Сали Бериша од седиштето на партијата ги повика медиумите да не го канат премиерот Еди Рама во емисиите, зашто во спротивно ќе се соочат со жестоки протести. – Ги повикувам сите новинари да не го примаат во телевизиите овој корумпиран човек. […]
Експлозија се случи во компанијата за продажба на пиротехника Хамекс во Врхника, Словенија, при што едно лице загина, а двајца тешко се повредени. Како што јави „Н1 Словенија“, експлозијата се почувствувала во поширока област на градот. На местото на несреќата се испратени повеќе екипи на Брзата помош. Полицијата го обезбеди местото, а пожарникарите го гаснат […]
Најмалку 18 мртви тела на мигранти се пронајдени во Бугарија во напуштен камион во село во близина на Софија, соопшти денеска бугарското МВР. -Според првите информации, камионот превезувал илегални мигранти, вкупно околу 40 лица, кои се криеле на скриено место под дрвата што се превезувале, соопшти Министерството. Преживеаните се префрлени во болница, за да им […]
Антисеизмичката заштита и издржливост на јавните објекти, пред сѐ на училиштата и болниците, била главната тема на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со надлежните министри, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. На состанокот станало збор за контролите на конкретните објекти и нивната сеизмичка издржливост, прашање за кое во текот на следната седмица ќе бидат […]
Во Косово денеска ќе се одбележи 15-годишнината од прогласувањето на независноста. Ќе се одржат свечени седници на Парламентот и Владата, дефиле на припадниците на Косовските безбедносни сили и на Косовската полиција и други културно-уметнички активности. Свечената седница на Владата ќе се одржи изутринава во Приштина, по што ќе следи подигање на знамето на јарболот. Свечената […]