Амбасадорот на Велика Британија во Тирана, Аластер Кинг-Смит најави дека неговата земја ќе прогласи за „персона нон грата“ и други лица во Албанија. Британскиот дипломат додаде дека овие санкции ќе опфатат политичари и бизнисмени кои „негативно влијаеле врз напредокот и демократизацијата на земјата“. – Се сеќавате дека во јули минатата година го најавивме првиот бран […]
Ивица Дачиќ, претседателот на Социјалистичката партија на Србија, изјави дека вчера разговарал со Александар Вучиќ, претседателот на Србија и лидер на Српската напредна партија и дека е договорено продолжување на соработката меѓу двете партии. Дачиќ изјави дека разговорите траеле час и половина и дека е договорено продолжување на соработката и зајакнување на коалицијата СНС и […]
Институтот за статистика на Албанија соопшти дека пописот на населението, домаќинствата и становите ќе се спроведе во септември година. -Поточно оваа статистичка операција ќе почне на 18 септември и ќе трае шест недели. Процесот ќе го следи методот на непоредно броење заснован на теренски операции со пополнување прашалници од страна на попишувачите, стои во објавата […]
Германско-францускиот план треба да се спроведе до крајот на годината, а Заедницата на српски општини да се формира до летото. Ова го соопшти американскиот амбасадор во Србија, Кристофер Хил. Тој вели дека роковите за формирање на Заедницата на српски општини на Косово(ЗСО) споменати во медиумите се разумни и реални и дека ЗСО би можело да […]
Комисијата за економска политика и финансиски систем на Владата на Црна Гора предложи пописот на населението да се одржи од 1 до 15 ноември годинава. Како што информираат од Владата за РТЦГ, датумот зависи од утрешната владина седница и дали ќе има некакви промени, но тие не се очекуваат. Со седницата на Владата ќе претседава […]
Земјотрес со јачина од 3 степени е регистриран во подрачјето на градот Садово, Пловдивско. Епицентарот е на 140 километри од Софија. Ова го покажуваат податоците на Националниот сеизмолошки центар при БАН. Потресот бил регистриран во 00:54 часот по бугарско време и бил со епицентар на 140 километри од Софија.
Светот го обиколи веста дека бебе е родено под урнатините во Сирија, по разорниот земјотрес. Видео снимката од моментот кога спасувачите го пренесуваат штотуку роденото бебе на сигурно ги преплави социјалните мрежи. Станува збор за девојче, кое е пренесено во болница и е здраво. Порталот Аваз, пишува дека нивната редакција била контактирана од млад брачен […]
Црногорската Државна изборна комисија (ДИК) денеска ја потврди претседателската кандидатура на претседателот на Новата српска демократија (НСД), Андрија Мандиќ, откако со проверката беше утврдено дека има доволно важечки потписи за неговата кандидатура да биде валидна. -За никој да не сфати погрешно, административното барање за некомплетноста на одредени потписи беше сосема поинаку од барањето за двојно […]
Земјотрес со јачина од 4,8 степени предмалку ја стресе Грција. Според податоците од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е во близина на популарните краци во Грција, каде најчесто летуваат Македонците. Потресот е на длабочина од два километри и на 19 километри од Неа Мудања.
Најмалку три лица го загубија животот, 16 се спасени, а непознат е бројот на исчезнати, откако чамец со мигранти удрил во карпа во близина на грчкиот остров Лезбос, објави „Катимерини“. Според истите информации, од рано утрово во тек е спасувачка акција на крајбрежната служба, а според изјавите на спасените, во чамецот со кој се пренесувале […]