Институтот за јавно здравје на Албанија попладнево соопшти дека официјално неделно се пријавуваат по 14.000 случаи на заразени со грип, а споредено со пред една недела овој број е зголемен за 2.000 заразени. – Но, ова е само бројка на оние кои побарале лекарска услуга, бидејќи многу луѓе заболени од вирусот на грип не одат […]
Црногорскиот Институт за јавно здравје денеска уште еднаш апелираше до родителите да ги вакцинираат своите деца со МРП вакцината, бидејќи, како што посочија од установата, државата е на прагот на епидемија. – Мали сипаници – морбили, кои се појавија во регионот, се една од најзаразните болести, а само едно инфицирано лице ќе го пренесе вирусот […]
Лидерот на Партијата на слободата и до средината на минатата година претседател на Албанија, Илир Мета, предупреди дека надворешниот долг на земјата ќе надмине 107 отсто од бруто домашниот производ. Според него, долгот би можел да биде и повисок, по најавата на Владата за задолжување со еврообврзница, шеста по ред, за што веќе избрала законски […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска во разговор со советникот на Стејт департментот Дерек Шоле ги повика САД да ја охрабрат Приштина да ги исполни своите обврски од прифатените и потпишаните договори и да продолжи дијалогот со Белград. – Изразив очекување дека САД ќе ги препознаат напорите на Србија за зачувување на мирот и стабилноста […]
Во Грција се потврдени шест случаи на новиот сој на коронавирусот ХББ.1.5, познат под името „Кракен“. Според Националната организација за јавно здравје на Грција, сите случаи, што воедно се и првите потврдени во земјата, се во областа Атика, поширокиот регион на Атина.
Во месноста Оџак е пронајдено безживотното тело на 22-годишниот Адмир Пузиќ по кој се трагаше неколку дена. -Се уште не се знае точната причина за смртта, пренесува Српскаинфо. Како што претходно објави Кликс, полициската управа на кантонот Посавина добила пријава за исчезнувањето на 22-годишниот Адмир Пузиќ од Оџак на 8 јануари годинава. Ден подоцна, откако […]
Осумтемина Хрвати осомничени во Замбија за трговија со луѓе односно во исправноста на документите за посвојување на деца од Демократска Република Конго, ќе се бранат од слободата откако ќе платат кауција, ќе ги достават пасошите, редовно да се јавуваат полиција и да го регулираат престојот во земјата, одлучи денеска судот во Ндоли. Четири брачни двојки […]
Во српскиот град Смедерево потврдени се првите случаи на заразени со мали сипаници. Болеста е откриена кај три деца на возраст до 1,5 години и кај едно возрасно лице. Нивната здравствена состојба засега е добра. – Во референтната лабораторија на Институтот за вирусологија, вакцини и серуми „Торлак“ е потврдено присуство на морбили кај четири лица […]
Косово мора итно да се ангажира со Србија. САД целосно го поддржуваат предлогот и напорите на европските партнери со цел да се постигне правно обврзувачки договор, а дијалогот е вистинскиот начин да се дојде до таму, вели во заедничкото интервју за група медиуми, Дерек Шолe. Заедно со пратеникот Габриел Ескобар, Шоле ја предводеше американската делегација […]
Триесет пожарникари од Сплит гаснат голем пожар кој избувна во магацин за автомобилски гуми во месноста Дујмовача, информираат пожарникарите и полицијата. На терен се 30 пожарникари со десет возила од ЈВП Сплит, ДВД Сплит, Солин и Врањиќ, јавија сплитски медиуми. Засега не е познато што го предизвикало пожарот.