Густ чад, оган и вознемирени луѓе кои бегаат на безбедно, ова се сцените на кои самите патници се сеќаваат по спасувањето од патничкиот воз кој се судрил со товарен во Грција вчера доцна вечерта. „Сите надвор, таму има пожар“, се слуша како вика некој од патниците на едно од видеата. Патниците од возот бегаа низ […]
Патниците кои ја преживеаја тешка железничка несреќа во близина на грчкиот град Лариса, за медиумите изјавиле дека слушнале силен удар, а потоа вагоните почнале да се превртуваат. Како што рекоа, околу нив имало пламени јазици од сите страни, а некои се спасиле скокајќи од вагонот од голема височина. -Слушнавме силен тресок. Следните 10 секунди беа […]
Најмалку 32 лица го загубија животот, а 85 се повредени во железничката несреќа што се случи кусо пред полноќ во близина на месноста Темпи кај грчкиот град Лариса, кога од засега непознати причини се судрија товарен и патнички воз. Спасувачките екипи цела ноќ беа на терен, нивната акција продолжува и утрово, а според официјалните информации […]
Земјотрес од 4,2 степени по Рихтер вечерва ја погоди Албанија. Земјотресот се случи околу 18:30 часот, а епицентарот на 28 километри од Елбасан и на 10 километри од Лушња, во Албанија, на длабочина од 5 километри.
„Ќе бидете кренати во воздух“, поради ваква порака е евакуирана зградата на градското собрание на Подгорица. Работник околу 19 часот ја пронашол пораката со закана, пишува Вјести. Полицијата е на лице место и врши антитерористички проверки, а пристигнуваат и екипи на Итната помош. Во тек е евакуација на објектот. Foto: Dušan Cicmil
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Белград изјави дека Србија добила подарок од 600 милиони евра за изградба на дел од брзата пруга Белград-Ниш и додаде дека по таа пруга ќе се стасува за само 100 минути. Како што пренесува РТС, станува збор за договор за првата транша од инвестицискиот грант за изградба на брзата […]
Поранешниот албански претседател и актуелен лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, изјави дека „депопулацијата е национална рана” за што како главен виновник го посочи премиерот Еди Рама, кој, според него, прави се за „Албанците, а посебно младите да ја напуштаат земјата”. – Депопулацијата е голема рана што ја трпи Албанија денес, како резултат на […]
Во Бугарија во тек е специјална полициска акција со цел да се спречи кражба и нелегална продажба на автомобили. Во акцијата досега се приведени 30 лица. Акцијата започна во Перник, каде се очекуваат клучни апсења, а во тек се претреси на куќи, гаражи и отпад од автомобили, пишува порталот „Новините“. Освен во Перник, акцијата се […]
Високиот претставник за Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит, вчера го суспендираше Законот за недвижен имот, што властите на Република Српска (РС) го усвоија кон крајот на минатата година со цел да ја преземат сопственоста врз недвижниот имот што и припаѓа на државата. Спорниот закон требаше да стапи во сила денеска, а суспензијата трае до одлуката […]
Косовскиот премиер, Албин Курти, денеска за Еуроактив во Брисел изјави дека до крајот на оваа година е можен договор меѓу Белград и Приштина. Пред средбата во Брисел, Курти кажа дека Белград и Приштина имаат за цел годинава да склучат важен договор за нормализација на односите и дека тој нема да биде гладок и покрај зголемениот […]