– Да престане со нечесното играње кон Македонците и да престане да се третираат како монета за поткусурување, порача од Струга претседателскиот кандидат на ГРОМ Стевчо Јакимовски. Тој забележа дека „лидерот на опозициската ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски го лаже народот во врска со промената на Уставот, односно дека ќе поддржи промена со одложено дејство […]
) – Кандидатот за претседател на Република Македонија од ГРОМ и коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски денеска ќе престојува во Охрид, Струга и во Битола. Според најавите, тој треба да одржи средби со граѓаните.
Мора да имаме уставен патриотизам. Мора да ги почитуваме основните одредби на Уставот, а особено Преамбулата тоа е едно мало текстче што му претходи на Уставот, ама тоа е филозофијата на Уставот, тоа е македонската уставно правна меморија. И вие не можете да менувате факти како оние од АСНОМ или како оние како се создавала […]
Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Велес рече Силјановска да избере што ќе биде, претседател или врховен командант на Армијата. И порача дека без Преспанскиот договор нема членство во НАТО. „Делумно е манипулација на нашите граѓани и потценување на нивната интелегенција, а делумно е зошто не знаат што зборуваат сега, што зборувале порано и […]
-Ова гласање го спроведува избирачкиот одбор надлежен за спроведување на гласањето за избирачкото место каде припаѓаат овие лица, на 23 април (вторник), се посочува во Роковникот на ДИК. Изнемоштените и болните лица до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори закажани за 24 април. -Избирачот кој не е во можност да гласа […]
Претседателскиот кандидат Арбен Таравари денеска ја посети Струга, каде разговараше за различни прашања во заедницата, почнувајќи од здравствените работници до граѓаните. На средбите тој беше соочен со загриженоста на граѓаните за здравјето, а особено за коцкањето и штетните практики на брзите банки. Тој ја изрази својата посветеност да се запрат овие негативни појави и да […]
Денес поради здраствени причини најавените средби со жителите на Делогожда, Лабуништа, Велешта, и Радолишта со претседателскиот кандидат од Европскиот фронт, Бујар Османи нема да се одржат, најавено е дека ќе се одржи само централниот настан во Струга, денес 16 април 2024 година (вторник) во 20:00 часот, пред новата зграда на Општина Струга.
Почитувани европски граѓани на Струга, Во име на Европскиот Фронт, ја имаме посебната чест да ве поканиме да учествувате на централниот настан во Струга, на ден 16 април 2024 година (вторник) во 20:00 часот, пред новата зграда на Општина Струга, за да го поддржиме нашиот кандидат на Европскиот Фронт за Претседател на РСМ, г-дин Бујар […]
Кандидатит за претседател Стево Пендаровски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека веројатно го заменил со неговиот претходник Иванов. „Мислам дека на Мицкоски му се привидува нешто. Тој ме заменил со еден што беше пред мене претседател, Ѓорѓе Иванов – тој помилуваше криминалци. Јас криминалци ниту сум помилувал ниту имам намера да помилувам. […]
Реформите што се прават и зачленувањето во Европската Унија како приоритет не треба да се само флоскула, туку Македонија треба да направи сѐ за дома да си ги воспостави потребните стандарди. Ова, од митингот во скопската населба Карпош, вечерва го порача кандидатката за претседател Гордана Силјановска-Давкова. Но, според неа, дел од вината што Македонија сѐ […]