На 26.03.2024 во 13.30 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на локален пат во с.Радолишта, струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“, управуван од малолетник од с.Велешта, струшко и товарно возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од М.Џ.(43) од с.Теарце, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани […]
На 24-ти март 2024 година, во 19:00 часот во ОВР Струга е пријавено дека настанал пожар на површина со нискостеблеста вегетација во близина на струшкото село Калишта. – Повредени лица нема, а интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, информираат од СВР Охрид.
Се известуваат граѓаните на Лабуништа и Подгорци дека од 19.03.2024 Вторник до 22.04.2024 Петок ке се врши поправка и асфалтирање на локалниот пат од Лабуништа до Подгорци, и истиот ќе биде затворен за сообраќај во наведените денови од 10:00 до 16:00 часот. Ги молиме граѓаните да ги користат локалните алтернативни патишта. Со почит месна заедница […]
Стружани од денеска локалните проблеми ќе може да ги пријават преку апликацијата Prijavi24, соопшти Општина Струга. Мобилната апликација, како што појансуваат, може да се преземе бесплатно од GooglePlayStore и AppStore или со скенирање на приложениот баркод. – Преку апликацијата, може да пријавите проблеми поврзани со градот и околните населени места од сите категории, како што […]
На 16.03.2024 во 09.15 часот било пријавено дека во Струга на ул.,,Боро Хаџиески“ патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од И.А.(28) од Кавадарци, удрило во Љ.Н.(71) од Струга. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Љ.Н., констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица […]
Се известуваат жителите на населбата Беќирофци дека утре на ден 12.03.2024 од 09:00 до 16:00 часот патот ќе биде затворен за сообраќај.
На 10.03.2024 од 10.00 до 13.00 часот на подрачјето на СВР Охрид спроведени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 84 возачи кои управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од нив во Охрид-22, Струга-39, Кичево-19 и Дебар-04, информираат од СВР Охрид.
Автомобил утрово влета во водите на Охридското Езеро, нема повредени. Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, информираше дека случајот бил пријавен во 5.30 часот во ОВР Струга. – Патничко возило „форд“ управувано од Н.Е.(43) од скопското село Орланци, кое се движело по улицата „Партизанска“ во Струга, излетало од патот и паднало во водите на Охридското […]
Ноќеска помеѓу 22 и 04 часот, на подрачјето на СВР Охрид преземени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници затекнале 18 возачи кои, управувале моторни возила под дејство на алкохол (Охрид-04, Струга- 04,Кичево-09, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози, соопшти СВР Охрид.