Вторник, 10 ноември 2026 вторник, 10 ноември Струга 11°C Струга 11°C Пријави вест
Струга

Прегазил пешак во Струга, па избегал

Објавено: · 1 мин читање
Прегазил пешак во Струга, па избегал

„Вчера во 09.40 часот во ОВР Струга, било пријавено дека на ул.„Пабло Неруда“ во Струга патничко возило „опел“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Е.М.(21) од с.Радолишта, струшко, удрило во пешакот С.Д.(68) од с.Долна Белица, струшко, по што го напуштило местото.Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид“, информираат од СВР Охрид.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.