Поголем износ на девизи, 250 кутии детокс чаеви, но и нова глава за мотор за товарно возило се дел од заплените на мобилните тимови при Секторот за контрола и истраги на Царинска управа, во текот на изминатите денови. Во два посебни случаи мобилните тимови открија 15.100 евра, коишто возачи на камиони сакале да ги изнесат […]
Генералното собрание на Обединети нации синоќа со 120 гласа „за“, 14 „против“ и 45 „воздржани“, усвои Резолуција со која се повикува на итно хуманитарно примирје во Појасот Газа. „против“ беа 14 земји, меѓу кои Израел и САД, а 45 беа „воздржани“. Од нашиот регион, Словенија, БиХ и Црна Гора гласаа „за“ резолуцијата, Хрватска беше „против“, […]
Од ноќеска за два денари по литар ќе поевтини дизелот на бензинските станици во земјава, информира Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕВУ). Цената на другите нафтени деривати не се менува. Од ноќеска на полноќ, горивото Еуродизел БС ќе се продава за 82 денари за литар, додека бензините со 95 октани останува со иста […]
„Во период од шест години, во услови на кризи, за време на владеењето на оваа Влада имаме раст на платите од 60% отсто, додека пак во времето на претходната Влада, во периодот од 2011 до 2017 година растот изнесуваше само 8,9% во сите сектори“, изјави заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен […]
Спречен обид за шверц на поголема количина рачен и индустриски алат, како и мобилна галантерија во вкупна вредност од 355 илјади денари што двајца македонски државјани се обиделе нелегално да ги внесат во државата преку граничниот премин Блаце. Поради сомнеж возилата се селектирани за детален преглед. Притоа, во едното возило во багажниот простор е откриен рачен […]
Царинските службеници на Табановце во текот на минатиот викенд запленија околу 20 илјади евра кои македонски државјанин имал намера нелегално да ги внесе во државата. Непријавените девизи се откриени при детална контрола на возилото со кое лицето патувало. Имено, на 22 октомври, македонскиот државјанин кој управувал со возило со шведски регистарски таблички, на влез во […]
Ноќта помеѓу саботата и неделата, односно меѓу 28 и 29 октомври почнувa зимското сметање на времето, што значи дека во три часот по полноќ стрелките на часовникот ќе се поместат еден час наназад. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува […]
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 19.10.2023 година. ЕУРОСУПЕР БС-95 – 81,50 ден/лит ЕУРОСУПЕР БС-98 – […]
Во Македонија во вторник ќе преовладува облачно и нестабилно време со пообилни врнежи од дожд, ветровито и свежо време, со дополнителен пад на дневните температури. Пообилни врнежи се очекуваат во западните, северозападните и источните предели каде што локално ќе наврнат и до 20-25 литри дожд. Над 2700 метри надморска висина со врнежи од снег. Ќе […]
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска во Тирана, Албанија, во рамки на неговото учество на Самитот на лидери на Берлински процес, оствари работна средба со Комесарот за соседска политика и проширување на Европската Унија, Оливер Вархеји. На средбата како дел од владината делегација зема учество и вицепремиерот за европски прашања, Бојан […]