Почувствуван земјотрес во Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денеска, во 00 часот и 32 минути по полноќ регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 120 km јужно од Скопје, во епицентралното подрачје Преспа, со Рихтерова локална магнитуда ML3.8.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Охрид, Струга и Ресен со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Битола, Кавадарци и околината со интензитет од III степени според истата скала.

Освен вознемиреност кај граѓаните, според првичните податоци, материјални штети не се пријавени.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ