Бројот на погинати од циклонот Фреди во Малави се зголеми на над 1.000 лица, а повеќе од половина милион се раселени, изјави претседателот на земјата, Лазарус Чаквера. -Циклонот погоди околу два милиона лица, додаде тој, пренесува Анадолија. Претседателот ги повика жителите на Малави да работат заедно додека земјата закрепнува од катастрофата што оштети 405 километри […]
Шпанската влада го отфрли предлогот на автономната област Каталонија за одржување референдум за независност, јави ДПА. -Додека е владата на премиерот Санчез, нема да има референдум за независност на Каталонија, изјави министерката за финансии и јавни услуги, Марија Хесус Монтеро Куадрадо, во Мадрид. Таа посочи дека каталонската Влада, на регионалниот премиер Пере Арагонес, мора да се […]
Генералштабот на вооружените сили на Украина утринава соопшти дека во тек се најжестоките борби со руските сили во областа Бахмут, каде Русите се обидуваат да преземат целосна контрола над градот. Украинските сили посочуваат дека Русите гранатираат некои населени места. Руските војници спроведуваат офанзивни операции во четири правци – во правец на Лиман, Бахмут, Авдијевка и […]
Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска се сретна со американскиот секретар за одбрана Лојд Остин во седиштето на Пентагон, каде разговараа за поддршката на Вашингтон за Киев. „Двајцата лидери разговараа за приоритетите во безбедносната помош, како што се противвоздушната одбрана и артилерија, како и обуката за украинските вооружени сили“, се вели во соопштението на Пентагон. Во […]
Украинската армија го отфрли како неточно тврдењето на Русија дека контролира 80 отсто од Бахмут, посочувајќи дека украинските сили контролираат „значително повеќе“ од 20 отсто од градот на истокот на земјата. Основачот на руската приватна воена компанија Вагнер Евгениј Пригожин претходно изјави дека неговите сили напредуваат за да го заземат Бахмут и дека контролираат 80 […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека да се биде сојузник на САД не значи да се биде нивен вазал, потврдувајќи ги претходните свои изјави за Тајван. „Да се биде сојузник не значи да се биде вазал. Да се биде сојузник не значи дека веќе немаме право да размислуваме со своја глава“, рече тој на […]
Леонард Бернард Гаскин, познат како „Нинџа-убиец“, денеска ќе биде погубен на Флорида, со одлука на републиканскиот гувернер Рон Де Сантис. Тоа ќе биде стота егзекуција во таа американска држава откако таму беше вратена смртната казна во 1976 година, но и втора егзекуција за само шест недели, а следното погубување се очекува за три недели. Во […]
Незадоволството од пензиската реформа, со која старосната граница за пензионирање ќе се помести од 62 на 64 години, го наруши и првиот ден од посетата на Макрон на Холандија. Припадниците на обезбедувањето денеска соборија демонстрант кој притрча кон францускиот претседател Емануел Макрон за време на неговата посета на Холандија. 🚨🇫🇷ALERTE INFO – Un manifestant qui […]
Американскиот претседател Џо Бајден денеска во Белфаст изјави дека трговскиот договор по Брегзит, кој Европската унија и Велика Британија го постигнаа на крајот на март, ќе доведе до значителни инвестиции во Северна Ирска од страна на големи американски компании. Десетици водечки американски корпорации сакаат да дојдат и да инвестираат овде, истакна Бајден во говорот на […]
Новиот полски министер за земјоделство, Роберт Телус вети дека ќе воведе детални контроли на квалитетот на житарките што пристигнуваат во земјата од Украина на пат кон Африка. Овој потег уследи по протестите на полските земјоделци кои тврдат дека ги губат приходите бидејќи на пазарот се појави евтино украинско жито. Телус се соочи со остри критики […]