Понеделник, 9 ноември 2026 понеделник, 9 ноември Струга 9°C Струга 9°C Пријави вест
Свет

Македонка брутално убиена од сопругот во Германија – крвопролевањето се случило пред очите на детето

Објавено: · 1 мин читање
Македонка брутално убиена од сопругот во Германија – крвопролевањето се случило пред очите на детето

Македонка брутално е убиена во германскиот град Есен, пишува „Билд“. Станува збор за 41-годишна жена од Кавадарци, која живеела таму заедно со нејзиниот 9-годишен син. Бруталното убиство се случило пред очите на нејзиниот син, пишува германскиот медиум. Имала тешки повреди и обидите за спас од страна на Итната помош биле неуспешни.

Првичните информции на „Билд“ говорат дека случајот го пријавил повозрасниот син кој има 16-години. Дома, затекнал како неговиот помал брат стои пред заклучената врата на станот. Внатре, ја затекнале жената искрварена. Осоминчен е таткото, кој има 47-години и македонско државјанство.

Мажот е уапсен откако првично се дал во бегство. Бил фатен во соседен град и не давал отпор.

Ова е второ убиство во Есен за неколку дена. Претходно, германските медиуми известија дека бил убиен 32 годишен Македонец.