Неверојатна снимка од Италија – огромна дупка „голтала“ автомобили и луѓе, војската ги спасила

Двајца мажи може да бидат среќни што останаа живи откако автомобилот со кој се превезувале пропаднал во голема дупка којашто се отворила во коловозот рано утрото во средата во неаполската населба Вормеро.

Двајцата мажи кои се враќале од прослава ги спасила војската, стационирана во близината во рамките на операцијата „ Strade Sicure“ (Сигурни патишта), пишува службената новинска агенција Ansa.

Во дупката пропаднал и автомобил паркиран во близината, се додава во информацијата.

„Цело чудо е што сме живи, можеше да биде многу, многу полошо… Живи сме благодарејќи на брзата реакција на војската“, вели Џулио Деле Доне, еден од двајцата млади мажи.

Деле Доне, кој истовремено е и член на локалниот власт, вели дека само секунда по пропаѓањето на нивниот автомобил паднало и дрво и пукнала водоводна цевка.

„Беше околу 4 часот наутро. Водоводната цевка пукна и можевме да се удавиме. По многуте вакви случувања, се надеваме дека конечно ќе ја мапираме состојбата на сите градежни локации и системи“, продолжил неговиот сопатник.

Градоначалникот на Неапил, Гаетано Манфреди, изјави дека градот има „канализациски ситем кој со години не е одржуван“.

„Го имплементираме проектот на континуиран надзор на водоводната и канализациската мрежа и тоа ќе ни овозможи превентивно одржување“, ветува градоначалникот.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ