Денес во Каиро продолжуваат преговорите за прекин на огнот во Газа

Извори соопштија дека во тек се интензивни напори за постигнување договор пред муслиманскиот свет месец Рамазан

Преговорите за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Појасот Газа продолжуваат денес во Каиро, објави египетската станица „Ал Кахера њуз“, повикувајќи се на официјален извор, пренесува Анадолу.

Изворот рече дека во тек се интензивни напори за постигнување договор пред муслиманскиот свет месец Рамазан.

Има значителен напредок во преговорите и се бара фер договор, вели упатениот извор.

Новинскиот канал извести за продолжување на разговорите на „експертско“ ниво во Доха, велејќи дека ќе следат состаноци во Каиро.

Израел вети дека ќе ја уништи палестинската група Хамас по нападите на 7 октомври во кои загинаа околу 1.200 Израелци, а околу 250 беа земени како заложници во Газа.

Оттогаш, во израелските напади врз Појасот Газа загинати се над 30.000 Палестинци, а многу повеќе тела најверојатно се наоѓаат под урнатините во опколената енклава.

Хамас и Израел, кој е обвинет за геноцид, преговараат преку посредниците Египет, Катар и САД за можен прекин на огнот во подрачјето.

Претходното примирје за прекин на непријателствата и размена на заложници и заробеници траеше седум дена од 24 ноември до 1 декември 2023 година.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ