Објект на голема надморска височина соборен е над Алјаска во последниот час, соопшти Белата куќа. Портпаролот Џон Кирби рече дека објектот бил „со големина на мал автомобил“ и бил над ретко населена област кога бил соборен. Претседателот Џо Бајден донесе одлука за соборување на објектот од непознато потекло, рече Кирби. За потсетување, минатата сабота САД […]
ФБИ во моментов врши претрес во домот на поранешниот потпретседател Мајк Пенс во Индијана, откако неговиот правен тим го известил Националниот архив дека во куќата се пронајдени 12 доверливи документи, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со ситуацијата. Пенс моментално е на западниот брег со своето семејство откако неговата ќерка се породи, соопшти неговиот портпарол. Приватен […]
Разорни земјотреси ги погодија јужниот дел на Турција и Сирија во понеделникот, а според последните податоци, повеќе од 22.300 луѓе загинаа кога се урнаа станбените згради во кои престојуваа луѓе. Една од зградите која е целосно срамнета со земја е новоизградениот комплекс „Ренесанс резиденс“ во Хатај, а турските медиуми јавуваат дека нејзиниот изведувач бил уапсен […]
Светската програма за храна (WFO), една од специјализираните агенции на ОН, побара денеска 77 милиони американски долари за да обезбеди помош за 874.000 лица погодени од земјотресот во Турција и Сирија. „WFO бара 77 милиони долари за да обезбеди помош со храна и топли оброци за 874.000 луѓе погодени од земјотресот во Турција и Сирија“, […]
Сириската Влада одобри испорака на хуманитарна помош до областите кои не се под нејзина контрола, според државните медиуми. Хуманитарната помош е неопходна за населението во регионите кои во понеделникот беа погодени од разорен земјотрес. Помошта, наводно, наскоро ќе пристигне во регионите под контрола на бунтовниците, со помош на Обединетите нации, сириската Црвена полумесечина и Меѓународниот […]
Дирекцијата за заштита и спасување извести дека нејзините тимови извлекле преживеана 38-годишна жена од урнатините во Турција.
Владата во Берн денеска го отфрли барањето на Шпанија да дозволи извоз на противавионски топови од швајцарско производство во Украина. Мадрид минатиот месец побара дозвола за извоз на топови со калибар од 35 милиметри. Берн претходно ги отфрли и барањата на Данска и Германија, кои сакаа да испратат оклопни возила и муниција од швајцарско производство […]
Морето исфрлило голем број мртви китови на северниот брег на Кипар. Се смета дека смртта на китовите е поврзана со силните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Одделот за рибарство и морски истражувања на Кипар соопшти дека денеска се пронајдени шест мртви китови, а вчера се пронајдени четири живи китови насукани на […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска неколку руски проектили прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија, оквалификувајќи го тоа како предизвик за Алијансата и колективната безбедност. „Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава“, рече Зеленски во видео-порака, објавена на Телеграм. „Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор […]
Помошта „не пристигнува толку брзо како што се надевавме“, по првпат призна денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пет дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од 22.000 луѓе во Турција и Сирија. – Разорувањето погоди толку многу згради… што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме, рече Ердоган за […]