Најмалку 1.388 луѓе загинаа низ Турција и Сирија, по огромниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што ја зафати јужна Турција рано во понеделникот, при што беа повредени уште илјадници луѓе во двете земји. Според сириската државна новинска агенција, која исто така објави најмалку 1.042 повредени, во Сирија загинале најмалку 476 лица, […]
Иако според сите досегашни истражувања не може да се предвидат земјотреси, научник од Холандија на 3 февруари го најави она што точно се случи во Турција во понеделникот. Холандски истражувач од институтот SSGEOS пред три дена најави можност за силен земјотрес токму во областа каде што се случи во понеделник наутро. Иако е невозможно да […]
Два силни земјотреси претпладнево повторно ја стресоа Турција. Според информциите од ЕМСЦ, епицентарот на земјотресот е со јачина од 7,7 степени и е на седум километри од Елбистан, односно на 67 километри од градот каде беше епицентарот на утринскиот земјотрес со јачина од 7,8 степени. Длабочината е два километри. Временската разлика меѓу двата силни потреси […]
Германија ќе испрати помош за регионите погодени од разорниот земјотрес во Турција и Сирија, кој однесе стотици животи. Ова го изјави сојузниот канцелар Олаф Шолц. Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер објави дека Франција е „подготвена да обезбеди итна помош за населението“ во Турција и во Сирија Тој изрази сочувство до роднините на загинатите. „Изразувам […]
Расте бројот на жртви во разораниот земјотрес кој утринава околу 4 часот по локално време ја погоди Турција. Според изјвавите на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, во земјата животот го загубија 912 лица. Во Сирија пак, загинаа 320 лица. Ердоган истакнал дека досег се регистрирани над 5.380 повредени лица.
Сеизмолозите оценуваат дека земјотресот што синоќа ги погоди Турција и Сирија би можел да биде најсилниот во историјата на Турција. Сеизмологот од Универзитетскиот колеџ во Лондон, Стивен Хикс изјави дека претходниот голем земјотрес, исто така со интензитет од 7,8 степени е регистриран во североисточна Турција во декември 1939 година, при што загинаа 30.000 луѓе. Во […]
Според најновите податоци загинаа најмалку 670 лица во Сирија и во Турција како последица на силниот земјотрес регистриран утрово во близина на јужниот турски град Газиантеп. Се стравува дека бројот на жртвите ќе продолжи да се зголемува. Сириското Министерство за здравство ја потврди смртта на најмалку 239 лица во областите под контрола на претседателот Башар […]
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел утринава се огласи по разорниот земјотрес што денеска ги погоди Турција и Сирија и однесе голем број животи и најави помош од ЕУ. „Нашите мисли се со народот на Турција и Сирија. ЕУ е подготвена да помогне“, напиша Борел на Твитер. Холандскиот премиер Марк […]
Поради лошите временски услови, авиокомпаниите денеска ги откажаа летовите за и од Истанбул, а локалните власти ги отпуштија студентите на одмор. Метеоролошката состојба во метрополата, како и речиси во цела Турција, е значително влошена. Аеродромот Сабиха Ѓокчен на азиската страна на Истанбул денеска практично е затворен. Сите летови на авиокомпанијата Пегасус до и од аеродромот […]
Историската тврдина Газиантеп е уништена во земјотресот во Турција, објавија медиумите. Тврдината е изградена пред речиси 2.200 години во времето на императорот Јустинијан, а нејзините градители не се познати. Во тврдината се наоѓа и гробот на Мехмет Газали, една џамија и бања. ❗🇹🇷 The Gaziantep Castle, which was built more than 2,200 years ago,