Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување, кој веднаш по разорниот земјотрес во Турција, беше испратен да помогне во пронаоѓањето на преживеани и учествуваше во извлекувањето на 38-годишната жена, во разговор за МИА открива дека нејзиното извлекување од урнатините траело цели осум часа. По пристигнувањето во градот Адијаман, веднаш почнала потрагата по преживеани, но првиот […]
Во Тел Авив избија судири меѓу полицијата и демонстрантите против судските реформи што Владата сака да ги спроведе, а кои тие ги сметаат за антидемократски, откако два спорни нацрт-закони го поминаа своето прво читање во Парламентот. На протестите во Тел Авив против реформите, поради кои беше запрен сообраќајот на неколку патишта, полицијата употреби водени топови […]
САД одобрија потенцијална продажба на оружје за Тајван во вредност од 619 милиони долари, а во оваа сума се вклучени и ракети за борбени авиони Ф-16, во моменти кога Тајван секојдневно јавува за упад на кинеските воздухопловни сили во неговиот простор за воздушна одбрана. Продажбата на оружје веројатно дополнително ќе ги влоши и онака заладените […]
Фидес, партијата на унгарскиот премиер Виктор Орбан, ќе ја поддржи ратификацијата на влезот на Финска и Шведска во НАТО, соопшти пратеничката група на Фидес во момент кога пратениците ја започнуваат дебатата на оваа тема по повеќемесечниот застој. Одлуката на Фидес дојде откако претседателот Каталин Новак, отворајќи ја дебатата, побара од пратениците да го ратификуваат влезот […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговите сонародници ја преживеале зимата благодарение на напорите на власта да обезбеди електрична енергија и греење, но предупреди дека Русија продолжува да претставува закана за енергетскиот систем на земјата. „Зимата заврши. Таа беше тешка и сите Украинци, без да преувеличувам, ги почувствуваа тешкотиите“, рече Зеленски во своето традиционално вечерно […]
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска изјави дека не планира да се сретне со министрите за надворешни работи на Русија или Кина за време на состанокот на Групата 20 (Г20) во Њу Делхи. Блинкен беше на кратка турнеја низ Казахстан и Узбекистан и ќе се упати во индиската престолнина на состанокот на Г-20, каде инвазијата […]
Рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков денеска изјави дека Москва нема намера да ја преиспита својата одлука за суспендирање на Договорот за нуклеарно оружје Нов СТАРТ со САД додека земјата не ја промени својата политика кон Украина. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела објави дека Москва привремено го суспендира своето учество во договорот, обвинувајќи […]
Во земјотресот кој ја погоди Турција на 6 февруари уништени се повеќе од 60 споменици и 300 културни знаменитости. Значителен дел од нив се наоѓа во провинцијата Хатај. Во античко време, градот Антиохија бил еден од најголемите градови во светот и трет по големина град на Римската империја. Освен големата хуманитарна криза и страдањата на […]
Протестите против новата израелска влада кои траат со недели денеска за првпат станаа насилни бидејќи полицијата употреби солзавец, шок-бомби и водени топови за да ги растера демонстрантите што блокираа автопат во Тел Авив. Министерот за национална безбедност на Израел, Итамар Бен-Гвир, претходно повика на остар одговор на „анархистите“. Насилството избувна за време на протестите на […]
Украинската армија може да одлучи да ги повлече своите војници од упориштето околу Бахмут, најави денеска советникот на украинскиот претседател Александар Родњански. „Нашата армија очигледно ќе мора да ги разгледа сите опции. Досега го браневме градот, но доколку е потребно, силите стратешки ќе се повлечат од своите позиции“, рече Родњански, додавајќи дека Украина „нема да […]