Американскиот претседател Џозеф Бајден на денешната средба со својот полски колега Анджеј Дуда го опиша НАТО како „можеби најпостојаниот сојуз во историјата“ и рече дека Алијансата е посилна од кога било и покрај надежите на рускиот претседател Владимир Путин дека ќе се распадне поради на војната во Украина. Бајден, исто така, ја потврди посветеноста на […]
Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека на денешната средба со претставници на НАТО и на Европската Унија разговарале за набавка и производство на оружје за неговата земја. – Разговаравме како да набавиме оружје и муниција на ефикасен начин и како да ги доставиме на бојното поле, рече Кулеба на заедничката прес-конференција со […]
Ќе побарам одговорност од виновниците за повеќе од 40.000 загинати во разорните земјотреси што ја погодија јужна Турција, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. -Наша должност е престапниците да ги изведеме на одговорност пред законот, рече Ердоган за време на посетата на јужната провинција Османија, пренесоа британските медиуми. Во разурнувачките земјотреси на 6 февруари […]
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, денеска изјави дека крајот на војната го гледа така што рускиот претседател Владимир Путин „ја прекине својата војна“, а Украинците ќе ја одбранат својата татковина. -Русите се борат за пари, а ние ги браниме нашите семејства, нашите деца, иднината на нашата татковина и имаме добра мотивација. Украинските војници го изненадија […]
Одлуката на Русија да го суспендира членството во договорот за контрола на нуклеарното оружје е неодговорна и САД внимателно ќе следат што прави Москва, изјави денеска американскиот државен секретар Антони Блинкен. -Најавата на Русија за суспендирање на нејзиното членство е длабоко несреќна и неодговорна, изјави Блинкен во Атина. „Внимателно ќе следиме што конкретно прави Русија. […]
Денешниот говор на рускиот претседател Владимир Путин пред политичката и воената елита на земјата покажа дека тој изгубил контакт со реалноста, изјави Михајло Подољак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во својот говор, Путин рече дека ќе ја продолжи „специјалната воена операција“ во Украина и ја обвини НАТО алијансата предводена од САД дека го […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска изјави дека жали поради одлуката на Русија да го прекине своето учество во договорот „Нов СТАРТ“ за контрола на стратешкото офанзивно оружје. „Во текот на последните години, Русија ги прекрши клучните договори за контрола на оружјето и се оддалечи од нив. Силно ја охрабрувам Русија да ја преиспита […]
Неделите на суви зимски временски услови ја зголемија загриженоста дека Италија е изложена на ризик од нова суша по алармантната состојба минатото лето, а научниците и еколошките здруженија велат дека главната причина е тоа што на Алпите има помалку од половина од нормалното количество снег. Венеција, каде што поплавите се голем проблем, сега се справува […]
Повеќе од 8.000 цивили загинаа откако Русија ја нападна Украина пред една година, соопшти Канцеларијата за човекови права на ОН. Бројот на жртви е многу поголем од претходните слични податоци, според кои евидентирани се 7.199 смртни случаи. Околу 90 отсто од цивилите загинале во експлозии предизвикани од артилериски ракети и гранати, се наведува во извештајот. […]
Патувањето на американскиот претседател Џо Бајден во украинската престолнина Киев започнало во темниот период од ноќта во воен хангар близу Вашингтон, пренесуваат во вторникот медиумите. Во 4 часот наутро во неделата по локално време, за што не дознале светските медиумите, вашингтонскиот политички естаблишмент или американските граѓани, претседателот Џо Бајден се качил во авионот „Boeing 757“ […]