Белгиската полиција откри и заплени приближно четири тони кокаин во градот Равелс, во близина на границата со Холандија. Дрогата е пронајдена откако двајца холандски државјани, од претходно познати на полицијата, користеле апликација за навигација за да пристигнат до хангарот каде бил кокаинот. Во хангарот пронајдени се 68 торби со кокаин, со вкупна тежина од приближно […]
Фотографијата на која Месут Ханчер (49) ја држи за рака својата 15 годишна ќерка која лежи под рушевините го обиколи буквално целиот свет. Нема кој не пушти солза на оваа фотографија каде таткото свесен за својата ситуација не сака да ја пушти раката на својата ќерка која беспомошно лежеше под урнатините. Смртта на неговата ќерка […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг денеска во Анкара упати апел „веднаш“ да се интегрираат Шведска и Финска во Северноатлантската алијансата. – Сега е време да се ратификува истовремениот прием на Финска и Шведска како членки на НАТО, истакна Столтенберг на прес-конференција со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу. Додека Чавушоглу посочи дека Турција […]
Европската комисија ги започнува своите активности за обнова на Украина, а еврокомесарот за животна средина, Вирџиниус Синкевичиус, денеска и утре ќе биде во Киев за да разговара за тоа, како и за иницијативата Феникс. „Иницијативата Феникс поттикнува работа на реконструкција на украинските градови. Како прв чекор, тие ќе ги поврзат украинските градови со градовите на […]
Спасувачките екипи ја спасија 17-годишната Алејна Олмез во турската област Кахраманмараш од под урнатините на зграда, 248 часа по разорните земјотреси кои ги потресоа јужните делови на Турција, јави агенцијата Анадолија. На единаесеттиот ден од земјотресите, продолжуваат операциите за пребарување и спасување во овие подрачја. Спасувачките тимови ја лоцираа девојката која била затрупана под урнатините […]
Бројот на луѓе загинати во разорните земјотреси на границата меѓу Турција и Сирија се приближи до 42.000, додека напорите за пребарување и спасување продолжуваат и по десет дена од потресите. Само во Турција 36.187 луѓе загинаа во 11 провинции, соопшти денеска Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД). Заедно со луѓето кои загина во Сирија, […]
Бројот на загинатите во земјотресите што минатиот понеделник ја погодија Турција се зголеми на 36.187, соопшти денеска Турската агенција за управување со катастрофи (АФАД). Од Агенцијата посочија дека повеќе од 4.300 последователни потреси ја погодиле зоната на катастрофата од првичниот земјотрес. Според претходните извештаи, повеќе од 41.000 луѓе загинале во двата силни земјотреси што ги […]
Околу 15,1 милијарди лири (6,1, милијарди долари) беа собрани на синоќешната донаторска акција организирана во Турција која беше емитувана на 213 домашни и меѓународни телевизии и 562 радија. Во рамките на кампањата „Турција едно срце“ биле испратени и повеќе од девет милиони смс пораки со кои се донираат средства за погодените во земјотресот во Турција. […]
Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди централниот дел на Филипините во текот на ноќта, соопшти Сеизмолошкиот институт USGS, додавајќи дека нема извештаи за жртви или материјална штета. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 20 километри, на 11 километри од најблиското село на островот Масбате. Не се издадени предупредувања за […]
Американски претставници веруваат дека кинескиот балон што беше соборен откако прелета над континенталниот дел на САД првично бил на траекторија што би го однела над Гуам и Хаваи, но ветровите го однеле од курсот. Ова го изјави американски функционер кој сакаше да остане анонимен. Балонот, за кој Вашингтон го обвинува Пекинг дека го користи за […]