Бројката на загинати во земјотресот во пограничниот регион меѓу Турција и Сирија на 6 февруари веќе надмина 50.000, покажуваат најновите податоци од двете земји, јавува ДПА.
Земјотресот само во Турција одзеде 44.218 животи, пренесе државната агенција Анадолија, повикувајќи се на Агенцијата за природни катастрофи – АФАД.
Во соседна Сирија, пак, досега се пријавени 5.900 смртни случаи.
Од разурнувачкиот земјотрес од 7,8 степени според Рихтеровата скала, што беше на 6 февруари, досега се регистрирани повеќе од 9.000 последователни или вторични потреси, јави турската државна телевизија ТРТ, повикувајќи се на АФАД.
Од областа на катастрофата се евакуирани речиси 530.000 лица.