Делови од сателит на Американската вселенска агенција (НАСА), стар 38 години, викендот ќе падне на Земјата, соопшти НАСА. Поголемиот број делови од сателитот тежок 2.440 килограми ќе согорат во атмосферата, но се претпоставува дека некои делови сепак ќе паднат на Земјата. Според НАСА, веројатноста некој да биде повреден при пад на деловите од сателитот се […]
Автопатот кон Ниш нема да биде затворен и сообраќајот ќе се одвива нормално. Прво, амонијакот ќе се префрли во камиони-цистерни, а потоа ќе се отстранат цистерните. Еден од првите чекори ќе биде преносот на содржината од цистерната број 13. Во наредните денови, цистерните ќе се отстрануваат сукцесивно, една по една, соопштија од Штабот за вонредни […]
Новиот сој на коронавирус XBB.1.5 може да се прошири во Германија и остатокот од Европа во наредните недели и да стане доминантен, изјави германски епидемиолог. Таа варијанта е присутна кај речиси половина од бројот на новозаразени во САД. „Можеме со сигурност да предвидиме дека оваа варијанта ќе преовладува и кај нас“, вели Хајо Зееб од […]
Најмалку 29 лица ги загубија животите за време на криминалните судири меѓу армијата и нарко картелот Синалоа, кои следеа по апсењето на Овидио Гузман Лопез, син на Хоакин Гузман Лоера, еден од најозлогласените нарко босови во светот, попознат по прекарот Ел Чапо. Како што опишаа мексиканските власти, ситуацијата на улиците во моментов потсетува на вистинска […]
Лондон е прогласен за најдобар град за 2023 година, а седма година по ред е на врвот на листата што ја креира консултантската куќа за недвижнини и туризам „Резонанс“. Од справување со ефектите од Брегзит и глобалната пандемија до оставката и назначувањето на двајца различни премиери, потоа платинестиот јубилеј на кралицата Елизабета до еден од […]
Неколку илјади луѓе синоќа излегоа на улиците на Тел Авив за да протестираат против новата влада на премиерот Бенјамин Нетанјаху, која ги обединува екстремните десничарски и верски партии. Демонстрантите се собраа во центарот на крајбрежниот град и гласно маршираа низ улиците, веејќи израелски знамиња и држејќи транспаренти против Нетанјаху. „Заедно со илјадниците демонстранти излеговме да […]
Недостигот на снег предизвикува загриженост за скијачките центри низ Европа. Многу од пониските станици се затвораат – поради што многумина се загрижени за краткорочните планови за одмор и долгорочните економски влијанија, особено во планинските региони, јавуваат странските медиуми. Франција го доживеа своето најтопло време од 1997 година со температури најмалку 7 или 8 степени над […]
Поранешниот премиер на Дагестан, Магомед Абдулаев загинал во сообраќајна несреќа во Махачкала додека поминувал улица надвор од обележаниот пешачки премин. Тој бил прегазен од Лада нива, а возилото било управувано од 55-годишен маж. Тој веднаш бил пренесен во болница, каде и починал. Неговата смрт следи по низата смртни случаи на истакнати руски богаташи и функционери […]
И покрај еднострано прогласеното 36-часовно примирје, руските сили продолжија со нападите и во изминатите 24 часа пријавени се напади врз цивили во најмалку седум региони во источна и јужна Украина, при што загинаа најмалку три лица, а повредени се 14 луѓе. – Руските војници го гранатираа јужниот дел на Херсон 39 пати во текот на изминатиот ден, а на мета беа […]
Германското Министерство за внатрешни работи подготви нови правила за добивање на државјанство, според кои странците кои живеат во Германија повеќе нема да треба да се откажуваат од пасошите за да добијат германско државјанство и ќе можат да аплицираат по пет години престој. Според досегашните правила странците мораа да живеат осум години во Германија за да […]