ЈА ПОГРЕБАЛ 22 МЕСЕЧНАТА ЌЕРКА И СОПРУГА, НО СЛЕДУВАЛО ПОГОЛЕМ ШОК – го прогласиле и него за мртов по земјотресот, поминал низ пекол додека „оживее“ (ВИДЕО)

Останал без својата сопруга и 22 месечна ќерка откако урнатините буквално ги проголтало и од таму биле извадени мртви.

Семејството на Фуркан Учар живело во Анталија, но во последните неколку недели пред земјотресот неговата сопруга и ќерка заминале во Антакија, поточно во Хатај од каде потекнувала таа.

Во потресот починале и неговите баба и дедо како и тетка, а откако ги погребал сите, особено сопругата и ќерката преживеал уште поголем пекол.

Кога се вратил во Анаталија дознал дека веќе никаде не фигурира како жива личности и дека според сите официјални податоци е починат во земјотресот.

Тој не можел да ги пријави своите блиски за починати, ниту да земе оштета за нив, насекаде му правеле проблеми бидејќи бил починат.

По големите напори и многуте денови поминати како починат, конечно со помош на турските медиуми успеал повторно да „оживее“ и сега конечно на мир да тагува по своите изгубени сопруга и ќерка.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *