Сириската Влада одобри испорака на хуманитарна помош до областите кои не се под нејзина контрола, според државните медиуми. Хуманитарната помош е неопходна за населението во регионите кои во понеделникот беа погодени од разорен земјотрес. Помошта, наводно, наскоро ќе пристигне во регионите под контрола на бунтовниците, со помош на Обединетите нации, сириската Црвена полумесечина и Меѓународниот […]
Дирекцијата за заштита и спасување извести дека нејзините тимови извлекле преживеана 38-годишна жена од урнатините во Турција.
Владата во Берн денеска го отфрли барањето на Шпанија да дозволи извоз на противавионски топови од швајцарско производство во Украина. Мадрид минатиот месец побара дозвола за извоз на топови со калибар од 35 милиметри. Берн претходно ги отфрли и барањата на Данска и Германија, кои сакаа да испратат оклопни возила и муниција од швајцарско производство […]
Морето исфрлило голем број мртви китови на северниот брег на Кипар. Се смета дека смртта на китовите е поврзана со силните земјотреси што во понеделникот ги погодија Турција и Сирија. Одделот за рибарство и морски истражувања на Кипар соопшти дека денеска се пронајдени шест мртви китови, а вчера се пронајдени четири живи китови насукани на […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека денеска неколку руски проектили прелетале над Молдавија и членката на НАТО Романија, оквалификувајќи го тоа како предизвик за Алијансата и колективната безбедност. „Непријателот лансираше најмалку 70 проектили во уште еден масивен напад (против Украина) утринава“, рече Зеленски во видео-порака, објавена на Телеграм. „Неколку руски ракети прелетаа низ воздушниот простор […]
Помошта „не пристигнува толку брзо како што се надевавме“, по првпат призна денеска турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, пет дена по земјотресот во кој загинаа повеќе од 22.000 луѓе во Турција и Сирија. – Разорувањето погоди толку многу згради… што за жал не можевме да интервенираме толку брзо како што се надевавме, рече Ердоган за […]
Во земјотресите во Турција и Сирија досега загинаа повеќе од 22.000 луѓе, јави ДПА. Повеќе од 7.000 хуманитарни работници од 61 земја се во Турција и помагаат во напорите за потрага и спасување по земјотресите во понеделникот, соопшти денеска турското Министерство за надворешни работи. Вкупно 97 земји испратија помош и за Турција. Според турскиот претседател […]
Спасувачките екипи не само што ги спасуваат живите луѓе од подурнатините, туку тие спасуваат и живи животни кои се заробени со денови по трагедијата која ја погоди оваа област во Турција. Во областа Пазарџик во Кахраманмараш која во понеделникот беше погодена од катастрофалниот земјотрес се спасени три папагали на едно момче кое ги прашало спасувачките […]
Премиерот на Северен Кипар соопшти дека во урнатините на хотелот „Исијас“ на булеварот Адијаман Ататурк се пронајдени мртви тела на вкупно 16 лица. Во седумкатниот хотел, кој се урна во земјотресот, престојуваа машките и женските одбојкарски екипи на Колеџот „Фамагуста“, чија експедиција броеше 39 членови. Четири лица веднаш по земјотресот излегоа од урнатините. „Ги пронајдовме […]
Уште две лица беа спасени денеска од урнатините на петкатна зграда во Искендерун, во турската провинција Хатај, дури 107 часа по разорните земјотреси што во понеделникот го погодија јужниот дел на Турција. Во нивното спасување учествувал и спасувачки тим од Босна и Херцеговина, јави Анадолија. Бројни спасувачки екипи продолжуваат со потрагата и спасувањето во Хатај. […]