Во земјотресите што денеска ги погодија Турција и Сирија, загинаа повеќе од 1.000 луѓе само во северна Сирија. Бројот на загинати во областите под контрола на владата се искачи на 570, соопшти Министерството за здравство на земјата. Во деловите под контрола на бунтовниците во северозападниот дел на земјата, според спасувачката група „Бели шлемови“, загинале најмалку […]
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган прогласи седумдневна жалост откако најмалку 1.650 луѓе загинаа во двата земјотреси што денеска ја погодија земјата, јавува Би-Би-Си. „Прогласена е седумдневна национална жалост. Знамињата низ целата земја ќе бидат на половина копје до зајдисонце на 12 февруари, како и во сите наши национални и странски мисии“, напиша Ердоган на Твитер. […]
Најмалку 3.000 луѓе загинаа во силните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија. Вкупниот број на повредени сега е поголем од 15.500, врз основа на информации од различни новински агенции. Најмалку 13.293 луѓе се повредени во Турција, а 2.461 во Сирија. Во Сирија, според последните податоци, загинале 1.073 лица. Турската Агенција за справување со катастрофи […]
Сирискиот град Алепо, кој е разурнат од војна, е меѓу областите кои се најпогодени од денешните смртоносни земјотреси, кои опустошија и делови од јужна Турција. Спасувачките тимови за итни случаи соопштија дека многу згради се оштетени или уништени и оти под урнатините има заробени луѓе. Во регионот живеат милиони бегалци раселени поради граѓанската војна. Тоа […]
И покрај тешката ситуација во која се наоѓа градот, во целата несреќе во Алепо се случи чудо. Имено, жена под урнатините на свет донела ждраво бебе, но за жал истата не го преживеала резорниот земјотрес. На видеото во продолжение се гледа моментот како еден маж го носи штотолку роденото бебенце на потребната прва помош. The […]
Турските медиуми јавија вечерва дека најмалку 16 спортисти се водат за исчезнати по разорниот земјотрес што денеска ја погоди Турција. Според истите извори, спасувачките екипи трагаат под урнатините во градот Хатаја по 14 одбојкарки од локалниот клуб. Одбојкарките се наоѓале во станбен објект што се урнал како последица на силниот земјотрес. Под урнатините се наоѓа […]
Спасувачките екипи и цивили бараат преживеани низ метежот од метал и огромни купишта бетон. Дождот и врнежите од снегот ги отежнуваат спасувачките работи, но добра вест е што од под урантините пронаоѓаат преживеани. Спасени се и неколку деца. Бројката на загинати и повредени во двете земји се менува од минута во минута. Надмина 2300 жртви, […]
Битола испрати тимови од спасувачи за помош на настраданите во земјотресот во Турција. Општината Битола соопшти дека тимот за брз одговор за спасување од планина и високи објекти од Дирекцијата за заштита и спасување, подрачна единица Битола, со 5 членови ќе биде дел од УСР единицата и веќе заминуваат во подрачјето погодено од земјотресот, а […]
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш изрази страв дека војната во Украина ќе се прошири, во забелешките до Генералното собрание на ОН во Њујорк, во време кога војната се доближува до својата прва годишнина. – Руската инвазија врз Украина нанесува невидени страдања на украинскиот народ, со длабоки глобални импликации, рече Гутереш. – Изгледите за мир […]
Разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала во понеделникот ја погоди југоисточна Турција во близина на границата со Сирија, а бројот на жртви се уште расте. Според последните податоци, досега загинале повеќе од 2.300 луѓе. Епицентарот на земјотресот бил прилично плиток, на околу 18 километри, предизвикувајќи сериозни оштетувања на објектите на површината. […]