Германија потврди дека ќе и испорача на Украина тенкови „Леопард 2“ и дека ќе го одобри барањето и другите земји да испратат такви тенкови, пренесоа светските агенции, повикувајќи се на соопштение на германската канцеларија. Земјата ќе и достави на Украина 14 тенкови „Леопард 2А6“ од залихите на германската армија, објасни владиниот портпарол Штефен Хебстрајт.
Украинскиот амбасадор во Германија, Олексиј Макејев денеска изрази задоволство од формирањето на „голема тенковска коалиција“ односно за очекуваната испорака на германските борбени тенкови Леопард 2. – Овие тенкови ќе ни помогнат да ја одбиеме руската офанзива и да ги ослободиме нашите територии и луѓе окупирани од Русија. Се надевам дека нашите момчиња наскоро ќе ги […]
Кремљ денеска соопшти дека сите тенкови „Абрамс“ што САД ќе ги испратат во Украина „ќе изгорат“, нарекувајќи ја очекуваната испорака „скапа глупост“. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека потенцијалните испораки на „Абрамс“ ќе бидат „фрлање на пари“. -Сигурен сум дека многу експерти ја разбираат апсурдноста на оваа идеја. Планот е технолошки […]
Американецот Џошуа Кушнер (37), чиј брат Џаред е оженет со ќерката на Доналд Трамп, стана побогат од поранешниот американски претседател. Џошуа Кушнер е побогат од Трамп, откако милијардерите Хенри Кравис, Мукеш Амбани и Хорхе Пауло Леман инвестираа во неговата компанија „Thrive Capital“, со што неговото богатство го зголемија на 3,7 милијарди. Кушнер изгради богатство од […]
Севернокорејските власти наредија петдневно заклучување на жителите во главниот град Пјонгјанг поради појава на „респираторни заболувања“. Ова е прва ваква мерка откако Северна Кореја прогласи победа над Ковид-19 на 19 август 2022 година. На жителите на Пјонгјанг им е наредено да останат дома од среда до недела. Жителите на Пјонгјанг, исто така, мора да мерат […]
Бројот на убиени новинари минатата година е за 50 отсто поголем во споредба со 2021 година, а најголем број жртви се регистрирани во Хаити, Украина и Мексико, се наведува во најновиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ). Во 2022 година убиени се 67 медиумски работници, што е најсмртоносна за новинарите од 2018 година. […]
Лидерт на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, Крис Хипкинс положи заклетва како 41. премиер на Нов Зеланд. Хипкинс (44) досега ја извршуваше функцијата министер за полиција и борба против коронавирусот. Тој на 22 јануари беше избран за лидер на Лабуристичката партија на Нов Зеланд, откако претходната премиерка Џасинда Ардерн минатата недела поднесе оставка. Кармел Сепулони […]
Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум членови на екипажот на товарниот брод што синоќа потона во Кинеското Море југозападно од Јапонија. „Досега се спасени вкупно 14 членови на екипажот“, изјави утринава портпаролот на јапонската крајбрежна стража. Единаесет од нив биле во несвест, соопшти јужнокорејската крајбрежна стража. Националноста на спасените членови на екипажот не […]
Снег падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир. По два сушни месеци во регионот Башар, студен бран донесе снежна покривка, прва во последните 11 години, јавија локалните медиуми. Поради снегот затворени се и неколку локални патишта. Во Алжир, климатските аномалии зачестија во последната деценија. Во градот Аин Сефра паѓаше снег во 1979, 2016, […]
Заменичкта на генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не ја укинуваа хуманитарната помош за Авганистан и покрај репресијата на талибанците врз жените. -Владите треба да им објаснат на даночните обврзници зошто продолжија да даваат пари на земја која ги дискриминира жените до овој степен. Непријатната вистина е дека жените […]