ОН ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не ја суспендираат помошта за Авганистан

Заменичкта на генералниот секретар на ОН, Амина Мохамед ги предупреди земјите-членки на ЕУ да не ја укинуваа хуманитарната помош за Авганистан и покрај репресијата на талибанците врз жените.

-Владите треба да им објаснат на даночните обврзници зошто продолжија да даваат пари на земја која ги дискриминира жените до овој степен. Непријатната вистина е дека жените и децата во Авганистан ќе умрат без помош од странство, истакна Мохамед.

Таа додаде дека Авганистан има потребата од хуманитарна помош бидејќи температурата на воздухот на одредени места се спушта до минус 30 степени Целзиусови, а голем број луѓе се соочуваат со недостиг на храна.

-Целта на меѓународната заедница мора да биде да изврши притисок врз милитантните исламистички талибанци да ги поништат дискриминаторските одлуки против жените или барем да направат повеќе исклучоци, истакна Мохамед.

Шефицата на германската дипломатија Аналена Баербок пред два дена на состанокот со нејзините колеги од ЕУ во Брисел изјави дека ако жените повеќе не можат да работат за меѓународните организации, тогаш ќе се укине помошта за Авганистан.

Откако талибанците се вратија на власт во август 2021 година им забранија на девојчињата и жените да се образуваат, а исто така не им дозволуваат и да работат.  (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *