Откако неколку високи украински функционери денеска поднесоа оставки поради наводните набавки на воени материјали по повисоки цени, портпаролката на Европската комисија Ана Писонеро изјави дека како дел од процесот на проширување, во кој сега се наоѓа Украина, се очекува таа да ја зајакне својата борба против корупцијата. Станува збор особено за „корупцијата од висок профил“, […]
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко изјави дека украинската страна му предложила на Минск да склучи пакт за ненапаѓање, пренесува белоруската државна агенција „Белта“. Според него, Западот не се откажал од своите планови, кои се однесуваат на Белорусија, да продолжи со обука на милитанти и екстремисти во Украина. „Не знам што ќе им е тоа на […]
Холандија на крајот на месецот во Полска ќе испрати осум модерни борбени авиони Ф-35, соопшти холандското Министерство за одбрана. „Четири борбени авиони ќе бидат достапни за заштита на воздушниот простор на НАТО над Источна Европа“, објави холандското Министерство, додавајќи: другите четири авиони Ф-35 ќе учествуваат во програми за обука со сојузниците на зголемување на подготвеноста […]
Двајца заменици министри во украинското Министерство за развој на заедницата и територијата денеска поднесоа оставки. Бранот оставки продолжува поради големиот корупциски скандал кој беше откриен во Украина. Вјачеслав Негода и Иван Лукерија на Фејсбук потврдија дека поднеле оставки. Украинската државна телевизија „Суспилне“ на Телеграм претходно објави дека се сменети лидерите на пет украински региони, наведувајќи дека се […]
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази уверување дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испорака на борбени тенкови на Украина. -Во овој клучен момент од војната, мораме да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина и тоа мораме да го направиме побрзо, изјави Столтенберг по средбата со германскиот министер за одбрана Борис Писториус. Тој […]
Едно лице е убиено, а седум ранети во пукотница што се случи на бензинска пумпа во Оукленд, Калифорнија, соопшти полицијата. Тоа е втора масовна пукотница со жртви во Заливот Сан Франциско во едно деноноќие и трета изминатите три дена. Неколку часа претходно напаѓач уби седум лица со огнено оружје на две локации во предградието на […]
Заменик-главниот обвинител на Украина, Олексеј Симоненко е разрешен од функцијата, соопшти канцеларијата на главниот обвинител. Во изјавата со која се најавува неговото разрешување не се наведени причините за одлуката, но се вели дека тоа е „во согласност со неговите сопствени желби“. Претходно оставки поднесоа помошникот на Зеленски, Кирило Тимошенко и заменик министерот за одбрана Вјачеслав […]
Финскиот министер за надворешни работи Пека Хависто изјави дека Хелсинки мора да размисли за влез во НАТО без Шведска, откако Турција соопшти дека нема да го поддржи влезот на Шведска во Алијансата. Турција е лута по протестот пред турската Амбасада во Стокхолм каде, меѓу другото, беше запален куран. Хависто сепак додаде дека заедничкиот пристап е […]
Франција, под притисок на хуманитарните организации, денеска врати во земјата 15 жени и 32 деца кои беа затворени во кампови за екстремисти на североистокот на Сирија. Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека малолетниците ќе бидат предадени на службите задолжени за помош на децата и ќе бидат под медицински и социјален надзор, додека возрасните ќе […]
Италијанската полиција на Сицилија го уапси Андреа Бонафеде, човек кој му го позајмил својот идентитет на еден од најбараните италијански мафијашки шефови, Матео Месина Денаро, кој се криел од законот 30 години до неговото апсење во Палермо минатата недела. Благодарение на Бонафеде, Месина Денаро „можеше слободно да се движи во Италија, да го избегнува законот […]