Продолжуваат оставките и разрешувањата на функционери во Украина

Двајца заменици министри во украинското Министерство за развој на заедницата и територијата денеска поднесоа оставки.

Бранот оставки продолжува поради големиот корупциски скандал кој беше откриен во Украина.

Вјачеслав Негода и Иван Лукерија на Фејсбук потврдија дека поднеле оставки.

Украинската државна телевизија „Суспилне“ на Телеграм претходно објави дека се сменети лидерите на пет украински региони, наведувајќи дека се сменети шефовите на регионите Дњепропетровск, Запорожје, Киев, Суми и Херсон. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *