Столтенберг: Мора да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина, ќе најдеме решение за испорака на тенкови

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изрази уверување дека Алијансата наскоро ќе најде решение за испорака на борбени тенкови на Украина.

-Во овој клучен момент од војната, мораме да обезбедиме потешки и понапредни системи за Украина и тоа мораме да го направиме побрзо, изјави Столтенберг по средбата со германскиот министер за одбрана Борис Писториус.

Тој рече дека со Писториус разговарал за борбените тенкови.

-Консултациите меѓу сојузниците ќе продолжат и уверен сум дека наскоро ќе имаме решение, додаде Столтенберг.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *