Шпанската влада свика втор итен состанок на експерти за семејно насилство за помалку од еден месец, по убиствата на шест жени и една млада девојка од почетокот на јануари. Владата во Мадрид ја разгледува идејата да ги информира злоупотребените жени за тоа дали нивните партнери се осудени за кривични дела насилства, објави Гардијан. Шпанскиот кризен […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претпазливо реагираше на извештаите дека германскиот канцелар Олаф Шолц се согласил да и достави на Украина борбени тенкови „Леопард 2“.– Многу труд, зборови и ветувања, рече тој во своето секојдневно видео-обраќање доцна синоќа.– Но, важно е да се види реалноста … Не се работи за пет, ни десет, ни петнаесет тенкови. Потребата е поголема. Секој ден правиме […]
Германскиот канцелар Олаф Шолц одлучи да испрати тенкови Леопард 2 во Украина и да им дозволи на другите земји како Полска да го сторат истото, објави вечерва магазинот Шпигел. Претходно денеска, Полска официјално побара одобрение од Берлин за извоз на тенковите, а германската Влада најави дека ќе одговори на ова прашање што е можно поскоро. […]
Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала вечерва ја погоди аргентинската провинција Сантијаго дел Естеро, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Како што е наведено, земјотресот се случил на длабочина од 611 километри, јави Ројтерс и пренесе Танјуг. Засега не се објавени информации за евентуална материјална штета или повредени во земјотресот.
Во куќата на поранешниот американски потпретседател Мајк Пенс се пронајдени доверливи документи, јавува Би-би-си. Медиумите посочуваат дека документите, кои адвокатот на Пенс ги открил минатата недела во неговиот дом во Индијана, биле предадени на ФБИ. Специјалните агенти веќе почнаа да ги разгледуваат доверливите документи пронајдени кај претседателот Џо Бајден и поранешниот претседател Доналд Трамп. Трамп […]
Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Европската Унија треба да и даде приоритет на интеграцијата на Западен Балкан и дека не може да дозволи овој регион да остане долго време надвор од ЕУ. Конференцијата „Италија-Западен Балкан“ се одржа во Трст, на североистокот на земјата, во организација на италијанското Министерство за надворешни работи, со цел […]
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, денеска во Европскиот парламент кажа дека нивните инспекции низ украинските нуклеарни централи покажале дека во нив нема воена опрема. Гроси денеска ја даде изјавата само еден ден откако руската разузнавачка агенција ја обвини Украина дека крие западно оружје во нуклеарни постројки низ земјата, тврдење кое […]
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг повика во Берлин за побрза испорака на ново оружје за Украина, откако Полска официјално побара дозвола од Германија да испрати тенкови „Леопард 2“ во Киев за поуспешна борба против руските сили. „Во овој клучен момент од војната, треба да испорачаме посилни и понапредни системи во Украина и тоа треба […]
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека не ја исклучува можноста Русија да ја нападне неговата земја од соседна Белорусија. -Меѓутоа, за Украина ќе биде вистинско изненадување доколку биде нападната од самата Белорусија, додаде истовремено Зеленски, цитиран од УНИАН. Украинскиот претседател зборуваше на заедничката прес-конференција во Киев со неговиот фински колега Саули Ниинисто. Претходно денеска […]
Две лица загинаа, а уште две се повредени во пожар во станбен oбјект до Ерменската католичка црква „Свети Спас“ во истанбулскиот кварт „Бејоглу“. „Пожарот избувна во 21:45 часот по локално време на 23 јануари“, изјави главниот уредник на истанбулскиот весник „Заманак“, Ара Гочунјан. Тој додаде дека веднаш пристигнала екипа на противпожарна единица. На местото на […]