Во гимназија во центарот на Загреб денеска 18-годишник упаднал во училница за време на наставата и со мачета му се заканувал на еден од учениците. По инцидентот, во кој нема повредени, тој побегнал од училиштето. Подоцна полицијата го уапсила сторителот. Директорката на гимназијата за Индекс изјави дека околу 14 часот во училницата во кој биле […]
Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го посети командниот центар за контрола на здружените сили во Секешфехервар, со цел да се запознае со состојбата на одбранбените способности на унгарските вооружени сили, изјави портпаролот на унгарскиот премиер Берталан Хаваси, пренесе агенцијата МТИ. Орбан повтори дека во сегашната ера на опасност, заштитата на Унгарија е приоритет на владата. […]
Водоснабдителниот систем во северозападната сириска провинција Алепо, застарен и оштетен од војната, се наоѓа во опасност од колапс по земјотресот од 6 февруари, предупреди денеска Меѓународниот комитет на Црвениот крст. Во земјотресот и вторничните потреси на сириска страна од границата загинаа околу 6.000 лица, а повеќето од жртвите се во областа под контрола на бунтовниците […]
Како што е соопштено од Кабинетот на гувернерот на Муш, група работници кои отстранувале остатоци на урнатините во селото Алчичек во еден момент слушнале звуци на животни. Две кози се извлечени живи од под урнатините 637 часа по разорните земјотреси во местото Нурхак во Кахрaманмараш на југот на Туркије, Како што е соопштено од Кабинетот […]
Франција се подготвува за уште еден масовен штрајк утре против пензиската реформа на претседателот Емануел Макрон, откако синдикатите едногласно објавија дека ќе ја „парализираат“ земјата со штрајкови и разни други демонстрации. – Ги повикувам сите вработени во државата, граѓаните, пензионерите, масовно да одговорат на повикот за протести во вторник. Претседателот на Републиката не може да […]
Најмалку 11 лица загинаа, а 50 се водат за исчезнати во регионот Натуна, во Индонезија, откако свлечишта предизвикани од обилните врнежи затрупаа куќи и други објекти, соопшти денеска државната агенција за ублажување на катастрофи. Официјален претставник на агенцијата во провинцијата, Џунаина, изјави дека бројот на жртвите може да се зголеми, а телекомуникациите во областа се […]
Помина еден месец од разорните земјотреси што ги погодија Турција и Сирија, јави агенцијата Анадолија. Најмалку 45.968 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја погодија јужна Турција на 6 февруари. Земјотресите со јачина од 7,7 и 7,6 степени со епицентар во Кахраманмараш на 6 февруари погодија околу 13,5 милиони луѓе во областите Хатај, Газиантеп, […]
Авионот што полетал од Куба за САД, морал да се врати во Хавана по судир со птица и, како последица од тоа – пожар во моторот и чад во кабината. Авионот на „Саутвест ерлајнс“ полетал од Меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана – главниот град на Куба и требало да слета на Меѓународниот аеродром во […]
Фиби Гејтс, најмладата ќерка на Бил Гејтс, инаку успешна „тиктокерка“, признава дека она што најмногу ѝ пречи во животот е тоа што јавноста создава лажни мислења за неа и нејзиното семејство. Имено, Фиби во интервју за „Информејшн“ објасни дека ѝ пречат гласините и теориите на заговор за татко ѝ, избрзаните и погрешни заклучоци, а убедена […]
Бугарските здравствени власти денеска објавија дека оваа година ќе бидат уништени 2,8 милиони дози вакцини против Ковид со поминат рок. Претходно, 2,3 милиони дози вакцини веќе беа уништени во земјата со најниска стапка на вакцинација во ЕУ. Министерот за здравство Асен Меџидиев рече дека Бугарија има премногу вакцини, слаб опфат со вакцинација и дека нема […]