Самит на ЕУ посветен на Украина

Претседателот на Советот на Европска Унија, Шарл Мишел испрати писмо до лидерите на земјите-членки на ЕУ, во кое ги покани на Самитот закажан за денеска и утре во Брисел.

Мишел преку писмо ги информира лидерите на ЕУ дека главна тема на разговор денеска ќе биде Украина.

Самитот ќе почне на работен ручек со генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш, на кој ќе се разговара за клучните геополитички прашања и глобалните предизвици, а потоа украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе им се придружи на лидерите преку видео-конференција.

Мишел истакна дека ЕУ, како и секогаш, ќе ја потврди својата „непоколеблива посветеност да и помогне на Украина“, што вклучува продолжување на работата за користење замрзнати руски средства.

– Најважно, од нашата последна средба во февруари, работиме на итно зголемување на производството и испораката на муниција во Украина. Нашата цел е да и обезбедиме на Украина еден милион парчиња муниција во следните 12 месеци и да обезбедиме соодветно финансирање. За таа цел ќе треба да преземеме мерки за зајакнување на производствениот капацитет на европската одбранбена индустрија, посочи Мишел.

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *