УЖАС: Петмина мртви, од кои три деца, во напад во дом на американски војник

Поранешен војник застрела и уби активен припадник на американската војска и три деца во дом во Јужна Каролина пред да се застрела, соопштија денеска официјални лица.

Двајца американски официјални лица потврдија дека станува збор за воени лица.

Полицијата соопшти дека се пронајдени телата на три деца и двајца мажи, а се претпоставува дека едниот од нив е убиецот.

Истрагата е во тек, а неофицијално има сведоци кои раскажале што се случило.

Идентитетот на жртвите не е соопштен. (МИА)

ОСТАНАТИ ВЕСТИ

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *