Шведскиот парламент денеска ќе гласа за членството на земјата во НАТО, јави ДПА. На гласањето ќе му претходи собраниска расправа. Резултатот ќе биде јасен доцна попладне, бидејќи се очекува пратениците да гласаат „за“ пристапувањето. Приклучувањето кон Алијансата ќе бара законски измени што мора да бидат одобрени. Сепак, гласањето не гарантира влез на Шведска во воената […]
Еден ден откако француската Влада го преживеа гласањето за недоверба поради најавената реформа на пензискиот систем, францускиот Парламент со големо мнозинство го поддржа планот на Владата за инвестирање во нуклеарната енергија. Планот за нуклеарна обнова, чија клучна точка е изградбата на шест нови нуклеарни реактори, беше одобрен синоќа во францускиот Парламент со 402 гласа за […]
Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) објави дека постигнал договор со украинската влада за пакет помош во износ од 15,6 милијарди долари. Планот треба да помогне „постепено економско закрепнување, истовремено создавајќи услови за долгорочен раст во контекст на постконфликтна обнова и на пат кон членство во Европската унија“, соопшти ММФ. Договорот ќе биде претставен „во следните недели“ […]
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најави дека општите избори ќе се одржат во мај. Четиригодишниот мандат на конзервативната влада истекува во јули, но се очекуваше Мицотакис да распише избори на почетокот на април. Анкетите на јавното мислење покажуваат дека водството на партијата Нова демократија на Мицотакис пред левичарската опозициска партија Сириза се намалува по железничката несреќа […]
Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак изјави дека договорот меѓу претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти претставува пресвртница. -Сега двете страни треба да ги спроведат сите членови од договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија, изјави Лајчак во […]
Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека нема намера да го распушти Парламентот, да ја реконструира Владата или да распише референдум за пензиските реформи со цел да се смират тензиите, изјавија учесниците на состанокот на владејачката коалиција во Елисејската палата. „Нема распуштање, нема реконструкција, нема референдум“, рече еден неименуван учесник на состанокот на кој присуствуваа […]
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека Србија не користи трикови и дека ќе го исполни и ќе работи на спроведување на сето тоа што го кажал во Охрид и покрај тоа што не мисли дека Приштина ќе ја исполни својата единствена обврска, а тоа е да ги почитува договорите постигнати во дијалогот, да […]
Образовните реформи иницираат низа промени, коишто веќе целосно го револуционизираа финскиот образовен систем. Учениците во оваа земја со години успешно се натпреваруваат, на пр. со САД, Кина, Сингапур и Јапонија, па освојуваат први места на натпреварите по математика и природни науки. Како е ова можно? Финска е водечка во образованието по здраво-разумските практики и холистичката, […]
УНИЦЕФ денеска предупреди дека по големите поплави во Пакистан, 10 милиони луѓе, вклучувајќи и деца, сè уште живеат во области без пристап до безбедна вода за пиење. Во соопштението на УНИЦЕФ се истакнува лошата ситуација во сиромашниот Пакистан, земја со 220 милиони жители која сè уште се бори со последиците од поплавите и растечката економска […]
Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита (СИПА) денеска во рамки на Меѓународната оперативна акција АТМ започнаа претреси на деловни и станбени објекти и движен имот на 13 локации на подрачјето на Сараево и Зеница. Наведените активности се вршат поради постоење основи на сомнение дека се сторени кривичните дела „организиран криминал“ и „перење […]